1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Мистериозен столб во пустината во САД

ЖА /ДВ
26 ноември 2020

Дело на вонземјани или реликт од некој филм за научна фантастика? Во САД возбудено се дискутира околу досега непознат метален столб, случајно откриен во пустината.

https://p.dw.com/p/3lqIK
BdTD | USA Utah | Metall-Monolith entdeckt
Фотографија: Utah Department of Public Safety/AP Photo/picture alliance

Го откриле службеници во американската сојузна држава Јута, кои со хеликоптер од воздух требало да бројат овци. Монолитот е висок три метри, површината му е сјајна, но не рефлектира светлина. Државните службеници за јавна безбедност уште немаат објаснување што претставува тој, ниту кој го поставил на таа локација. Сепак, намигнувајќи шеретски истакнуваат: „Нелегално е инсталирање скулптури или уметнички објекти на државно управувано јавно земјиште без дозвола, сеедно од која планета и да доаѓаат.“