1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Уметност

Место за спомен и сочувство

СН/агенции
25 септември 2021

Над 640.000 знаменца. Секое од нив означува по едно лице досега починато од Ковид-19 во Соединетите Американски Држави.

https://p.dw.com/p/40q3Z
BDTD Kunst Installation "In America: Remember"
Фотографија: Yasin Ozturk/AA/picture alliance

Уметничката инсталација „Во Америка: Запомни“ е место во главниот град Вашингтон, каде секој Американец кој починал од Ковид-19 симболично добива свое бело знаменце. Роднините можат на знаменцата да ги пишуваат имиња на починатите и мали пораки до нив. Во моментов тука има над 640.000 знамиња - а нивниот број се зголемува секој ден.

Американскиот претседател Џо Бајден, во меѓувреме, уште еднаш повика на вакцинација, истакнувајќи дека пандемијата на невакцинираните мора да запре.  Според него, Американците кои одбиваат да се вакцинираат ја чинат земјата многу скапо и на економски план. Бајден најави дека ќе прими и трета доза од ковид-вакцината.