1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Здравје

Каде се маските?

ЖА /ДВ
7 јуни 2021

Рестрикции, маски, дистанца? Сето тоа е лански снег, барем за посетителите на плажата во Бостон во САД. Можете да откриете барем една маска?

https://p.dw.com/p/3uVrk
BdT USA Strand South Boston
Фотографија: Michael Dwyer/AP Photo/picture alliance

Во убавото летно време со температура околу 35 степени, уживаа илјадници Американци на плажата  "L Street" во метрополата Бостон на викендот. Масачусец спаѓа во американските федерални држави со најголема стапка на вакцинирани против коронавирус. Дури 55 % од жителите на Бостон и околината имаат добиено и втора доза вакцина. Слики како овие сега ни изгледаат нестварни, но можеби се најава на времето по ерата на коронавирусот, за која сите се надеваат да почне што поскоро.