1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
СпортЕвропа

Фотографија на денот: Голи фудбалери

18 август 2020

Голи фудбалери во Оер-Еркеншвик, Германија: Во знак на протест против се’ поголемата комерцијализација на професионалниот фудбал, играчите од два тима одиграа натпревар голи.

https://p.dw.com/p/3h6vR
Nackt-Fußball in Oer-Erkenschwick Protestaktion
Фотографија: picture alliance/dpa

Голите тела се израз на природност и автентичност, односно особини кои модерниот фудбал веќе ги нема, порачаа фудбалерите од стадионот Штимберг во Оер-Еркеншвик, во германската покраина Северна Рајна Вестфалија. Организатор на натпреварот беше уметникот Герит Старчевски. „Со моите акции со голи тела сакам да ставам акцент и на разноликоста и природноста, а против зависноста и влијанието на социјалните медиуми и погрешните идеали за убавина“, изјави Старчевски.