Финале на изборната кампања во Македонија
29 мај 2008Реклама
Во изминатиот период се случија дваесетина напади врз партиски штабови, главно врз оние на Демократската унија за интеграција, но сторителите засега не се откриени. Меѓународните претставници во Македонија нагласуваат дека за земјата се важни демократски избори. Меѓународниот фактор беше активен медијатор во обидите за смирување на насилството. Македонските власти од него добија порака да работат брзо на расчистување на инцидентите. Мирни избори се приоритет, а партиите и на власт и во опозиција очекуваат напрегнато колкав ќе биде одзивот на граѓаните.