1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Природа и животна срединаСоединети Американски Држави

Ураганот „Исајас“ беснее во САД

СН/агенции
4 август 2020

Американскиот национален центар за урагани предупредува од силно невреме и тешки поплави: моќниот ураган „Исајас“ стигна до копното во американската сојузна држава Северна Каролина.

https://p.dw.com/p/3gNQ1
USA Sturm "Isaias"
Фотографија: AFP/Getty Images/S. Rayford

Ураганот Исајас пристигна синоќа до копното американската сојузна држава Северна Каролина каде според метеоролозите би можел да предизвика пројно и потенцијално смртоносни дождови и поплави.

Американскиот национален центар за урагани објави преку социјалните мрежи дека Исајас стигнал до копното во 23.10 часот по локално време.Исајас по силата ја надмина и тропската бура која ги погоди карипските острови, но вчера повторно се засили во ураган во категоријата еден.

На Карибите двајца луѓе загинаа во ураганот. Националниот центар за урагани предупреди на силен ветер, поплави и големи бранови во Северна и Јужна Каролина, каде жителите се навикнаа речиси секое лето да се соочуваат со бури.

Претседателот на САД, Доналд Трамп, прогласи вонредна состојба во сојузните држави Флорида и Северна и Јужна Каролина за да можат да се ослободат сојузни средства.

Гувернерот на Северна Каролина, Рој Кушер, порача дека луѓето знаат што треба да сторат, да не возат на поплавените патишта, да се засолнат на безбедни места и да ја подготват опремата за итни случаи.

Тој додаде дека сега мораат, исто така, да носат маски и средства за дезинфекција и да почитуваат физичка дистанца поради повторниот раст на бројот на случаи на коронавирусот.

Во Северна Каролина се распоредени војници да помогнат во подготовките за бурата и за подоцна ако биде потребно.