1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Криминал

Три жртви во напад на фестивал во Калифорнија

29 јули 2019

Најмалку три лица се убиени во напад на фестивал за храна во американскиот град Гилрој, во државата Калифорнија. Полицијата потврди дека осомничениот напаѓач, исто така, е убиен. Се трага по можни соучесници

https://p.dw.com/p/3MsId
USA, Gilroy: Schüsse beim Garlic Festival
Фотографија: Reuters/Wavyia

Полицијата досега ја потврди смртта на три лица на фестивалот на лукот во Гилрој. Уште најмалку 12 лица се ранети, од кои неколкумина се во болница во критична состојба.
Шефот на полицијата Скот Смити изјави дека осомничениот напаѓач бил застрелан, додека сведоци на настанот тврдат дека тој имал и соучесник по кој се уште се трага. Целиот регион, во радиус од 48 километри се смета за „активно место на злосторство“. Според Смити, осомничениот ја пресекол оградата околу местото каде се одржувал фестивалот и успеал да влезе на него. Сведоците велат дека напаѓачот бил белец на возраст од околу 30 години. Откако се вмешал меѓу масата, тој почнал неселективно да пука. Снимките на американските телевизии покажуваат луѓе кои панично бегаат на фестивалот.


„Го видов како пука во сите правци. Не целеше кон никој посебно. Едноставно пукаше од лево кон десно, и од десно кон лево“, изјави еден очевидец.
Американскиот претседател Доналд Трамп утрово твитна поддршка за луѓето на фестивалот. „Органите на редот се на местото на пукањето во Гилрој, Калифорнија. Според извештаите, пукачот се уште не е совладан. Бидете претпазливи и сигурни“, напиша тој.


Фестивалот на лукот во Гилрој е еден од најголемите фестивали на храна во САД кој привлекува и до 100 илјади гости.

 

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема

Повеќе на оваа тема