1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Трамп има нов шеф на кабинетот во Белата куќа

СН/агенции
7 март 2020

И повторно, претседателот на САД смени близок соработник. Новиот човек, Марк Медоус, е еден од неговите најлојални поддржувачи. Неговиот претходник Мик Мулвани во последно време делуваше крајно неспретно.

https://p.dw.com/p/3Z1Ww
USA Mark Meadows neuer Stabschef im Weißen Haus
Марк Медоус, новиот шеф на кабинетот во Белата куќаФотографија: picture-alliance/dpa/AP/P. Semansky

Американскиот претседател Доналд Трамп го смени шефот на кабинетот во Белата куќа, Мик Мулвани, со конзервативниот пратеник и близок соработник Марк Медоус, кој силно го бранеше за време на процесот за импичмент.

Медоус ја презема новата должност додека Белата куќа се бори да пренесе доследна порака во кризата поради коронавирусот и додека Трамп влегува во напрегнат период на подготовка за неговиот реизбор. Тој стана четврти шеф на претседателската канцеларија во досегашниот тригодишен мандат на Трамп, со задача да се обиде да доведе ред во хаотичното претседателствување на Трамп.

USA Mick Mulvaney verlässt Weißes Haus
Мик Мулвани, сменетиот шеф на кабинетот во Белата куќаФотографија: AFP/B. Smialowski

Медоус е пратеник во американскиот Претставнички  дом од Северна Каролина и борбено го бранеше претседателот за време на сагата за импичментот, до таа мерка што Трамп посебно го пофали на настанот на 6 февруари откако Сенатот со републиканско мнозинство  го ослободи претседателот од обвинувањата. „Тој е исклучително талентиран човек, не само како политичар. Како човек е неверојатен“, рече тогаш Трамп.

Повеќе:

-Доналд Трамп и Берни Сандерс - Москва ги сака и двајцата

-Може ли жена да го победи Трамп во трката за Белата куќа?

-Импичмент: Триумф на Трамп во Сенатот

Критики за кризниот менаџмент околу коронавирусот

Одлуката на Трамп следува по масовните критики за американската влада за нејзиното управување со кризата со новиот коронавирус. Мулвани беше одговорен за координирање на активностите за справување со КОВИД-19 сè додека Трамп, пред една недела на таа позиција не го назначи потпретседателот Мајк Пенс.

Шефот на кабинетот во Белата куќа е десната рака на претседателот. Тој ја координира владината политика. Мулвани ја презеде функцијата во декември 2018 година, откако Трамп го отпушти дотогашниот шеф на кабинетот, Џон Кели. Првиот шеф на кабинетот во Белата куќа под раководство Трамп, Рејнс Прибус, ја напушти функцијата за помалку од 200 дена.

Трамп досегашниот шеф на кабинетот Мулвани го именуваше за посебен американски претставник за Северна Ирска, токму кога следи подготовката да се пречека ирскиот премиер Лео Вардакар во Вашингтон по повод свечената прослава за Денот на Свети Патрик на 17 март.