1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Спорт

Реал ќе даде 70 милиони евра за Јовиќ?

Јулија Дорни
15 април 2019

Реал Мадрид го вивна напаѓачот на Ајнтрахт Франкфурт, Лука Јовиќ, во врвот на трансфер-листата и наводно за него може да даде дури 70 милиони евра. Дојче веле разговараше со Јовиќ за тоа како стана она што е денес.

https://p.dw.com/p/3GnM6
Fußball Bundesliga Hannover 96 vs. Eintracht Frankfurt Torjubel 0:1 Jovic
Фотографија: Imago/Jan Huebner

Дел од германските медиуми денеска го пренесуваат текстот на шпанските весници „Марка“ и „АС“, според кој Реал Мадрид е наводно подготвен да плати 70 милиони евра за 21-годишниот напаѓач на Ајнтрахт Франкфурт. Тренерот на Реал, Зинедин Зидан, има за цел да донесе голгетер и смета дека Лука Јовиќ добро би се вклопил со Карим Бензема. 

Скаути на Реал Мадрид минатата недела го следеле Јовиќ на натпреварот против Бенфика Лисабон (2:4) и нивниот интерес бил голем, особено по постигнатиот гол од фудбалерот кој кариерата ја почна во белградска „Црвена звезда“ 

Како Лука Јовиќ стана она што е денес? Дојче веле тргна по трагите на неговите почетоци и разговараше со фудбалската ѕвезда. Погледнете го видеото за родениот победник:

Лука Јовиќ: Роден победник кого го бара половина Европа