1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Прифаќање на сите бегалци не е решение

Кристоф Хаселбах
26 декември 2019

Барањето на шефот на Зелените, Роберт Хабек, Германија да прифати илјадници деца бегалци од Грција беше отфрлен од МВР во Берлин. Барањето само долгорочно би го заострило проблемот, коментира Кристоф Хаселбах.

https://p.dw.com/p/3VLF5
Lesbos Flüchtlingslager Moria 13
Во бегалскиот камп Морија на Лезбос се сместени околу 14.500 луѓе, кои живеат во катастрофални условиФотографија: InfoMigrants/Aasim Saleem

Токму за Божик е тешко спонтано да не се прифати предлогот на Роберт Хабек. Хајнрих Бедфорд Штром, претседател на Советот на евангелистичката црква во Германија, ја поддржува идејата и посочува на тоа дека Исус и неговото семејство кратко по неговото раѓање станале бегалци. Нема срце човек кому сликите од страдањето во бегалските камповине му предизвикуваат никакви емоции додека си ужива за време на празниците во топлиот дом. А, кој во таквата ситуација се надева на заедничко постапување на ЕУ, може уште долго да чека, а патем се изложува и на сомнежот дека само сака да го турне проблемот ‘под тепих’. Па, сепак, предлогот на Хабек е погрешен. Оти прифаќањето на илјадници деца во многу погледи би бил погрешен сигнал.

Ефект на вител

Погрешно е затоа што гестот може лесно да предизвика нов бегалски бран: нема да се задржиме на малолетните деца, од хумани причини подоцна ќе им се дозволи да им се приклучат и семејствата. А, штом во земјите од кои потекнуваат бегалците и во транзитните земји се расчуе дека има нова шанса за живот во Германија, уште повеќе луѓе ќе се обидат од турското крајбрежје да стасаат до грчките острови. Камповите уште повеќе ќе се наполнат. Тоа е бескрајна спирала, исто како и спасувањето бегалци од морето. Штом во Европа почнат да се прифаќаат бегалци, тоа веднаш повлекува нив бран мигранти. Предлогот на Хабек е погрешен и зашто Грцијаи цела ЕУ ќе бидат ослободени од нивната одговорност само заради едностраната подготвеност на Германија да се прифатат тие бегалци. Министерот за развој Герд Милер по сопствено видување тврди дека помошта во африканските бегалски кампови во соработка со ОН е подобро организирана отколку во камповите во Грција. Германија и сега не е пасивна и испраќа помош на грчките острови. Но, исто толку важно е дека Германија иЕУја поддржуваат и грчката служба за азил за да може барањата побрзо да бидат процесирани. Во дебатите за азил често се занемарува тоа дека азил може и смее да добие само оној кому тој навистина му следува. Тука како основи се вбројуваат војна и граѓанска војна во татковината на барателот, или пак личен прогон, но не и економски проблеми. За Хабек таквото разграничување изгледа не е битно кога предлага паушално да се прифатат сите малолетници. Но, токму тоа до денес е големата дилема и на бегалската политика на Ангела Меркел, која доведе до пораст на десните популисти: и оној кој нема право на азил најчесто смее да остане во Германија оти во повеќето случаи не е можно протерување. Но, населението во Германија сѐ почесто се прашува зошто воопшто постојат постапки за азил кога нивниот резултат на крајот не одлучува за правото на престој и останување во земјата.

Hasselbach Christoph Kommentarbild App
Кристоф Хаселбах

Поуката од 2015/2016

Дали Германија не треба да стори ништо за луѓето во камповите? Напротив, треба. Но, тоа треба да биде можно доколку станува збор за ограничен број на исклучоци и само за луѓе кои имаат перспектива да останат, и чие барање за азил е веќе одобрено. Во секој случај приоритет треба да му се даде на подобрување на условите за живот во нивните татковини.

Оној којшто смета дека е ова бесчуствително, треба да каже како да се ограничи миграцијата. Фактот дека мора да биде запрена и контролирана секако е лекција која ја научивме во 2015/2016 година. Оној кој ќе им даде азил на сите, го прекршува правото на азил. Мора да бидеме свесни за ова дури и во празничното божиќно време.