1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Поддршката за ЕУ опаѓа насекаде во Унијата

СН/дв/ртр/дпа/афп8 јуни 2016

Истражување на јавното мислење спроведено од центарот Пју покажува дека поддршката за Европската унија опаднала во повеќе ЕУ-држави. Во Германија, на пример, падот е цели осум проценти и сега изнесува 50 насто.

https://p.dw.com/p/1J2Lu
Фотографија: picture-alliance/empics/T. Melville

Анкетата на истражувачкиот центар Пју покажа дека 48 отсто од британските гласачи имаат неповолно мислење за ЕУ, наспроти 44 насто кои се во полза на ЕУ, слични бројки како во последните национални анкети.

Но, истражувањето на центарот Пју отиде подалеку и не ја анкетираше само јавноста во Велика Британија, пред нивниот референдум за членство во ЕУ на 23. јуни, туку покажува дека и гласачите од други земји во блокот од 28 членки, исто така, ја губат вербата во европскиот проект.

Податоците открија растечки скептицизам во Франција, каде поддршката за ЕУ за една година падна од 17 отсто на 38 проценти. Само Грција, која претрпе длабоки мерки на штедење наметнати од Брисел, гледа на ЕУ понегативно од Французите.

Позитивниот став, исто така, се намали за 16 насто во Шпанија и сега изнесува на 47 отсто и за 8 насто во Германија на 50 проценти.

Јавната поддршка за ЕУ е најсилна во Полска и Унгарија, земји кои иронично ги имаат двете нај евроскептични влади во целиот блок. Околу 72 насто од Полјаците и 61 процент од Унгарците гледаат на ЕУ позитивно, според податоците Пју.

EU und Großbritannien Brexit
Фотографија: Getty Images/C. Furlong

Економијата и миграцијата

Анкетарите интервјуираа гласачи во 10 членки на ЕУ, вклучувајќи ја и Велика Британија, Франција, Германија, Грција, Унгарија, Италија, Холандија, Полска, Шпанија и Шведска.

Младите гласачи и оние кои ги поддржуваат левичарските партии генерално поповолно гледаат на Европската унија од постарите лица или десничарските популисти.

Односот на ЕУ кон мигрантската криза се смета за негативен од страна на околу 94 отсто од Грците, 88 насто од Швеѓаните, 77 отсто од Италијанците и 75 насто од Шпанците.

Со 92 проценти, Грците, исто така, најмногу го критикуваат односот на ЕУ кон економијата, по што следат Италијанците со 68 проценти и Французите со 66 насто.

Но, и покрај се’ поголемиот бран на евроскептицизам, повеќето гласачи во Европа ќе жалат ако Велика Британија ја напушти ЕУ. Мнозинство во останатите девет земји - вклучувајќи и 89 отсто од Швеѓаните - се против. брегзит.