1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Катастрофи

Не бегаат сите од ураганот „Флоренс“

ЕМФ /агенции
13 септември 2018

Ураганот „Флоренс“ ноќва ќе удри на југоисточниот брег на САД. Американскиот претседател Трамп на жителите им порача: „Тргнете му се од патот, не си играјте со него“. Сепак, не сакаат сите да бегаат.

https://p.dw.com/p/34nW0
South Carolina Charleston - Geschäft geschlossen wegen Hurricane Florence
Фотографија: picture-alliance/newscom/UPI Photo/R. Ellis

Ураганот „Флоренс“ малку загуби на сила. Наместо од четврта категорија, тој сега е оценет како ураган од втор степен. Брзината на ветрот од над 200, се намали на 175  километри на час.

Сепак, властите на евакуација повикаа 1,7 милиони луѓе од југоисточниот брег на САД.

Но не сакаат сите да бегаат. И покрај последниот повик на пожарникарите за евакуација, некои жители сакаат да останат. Меѓу нив е и Доли Витингтон, жителка на Каролина Бич. Таа вели:

Не сме херои, но остануваме

„Сме преживеале и некои други урагани, не се обидуваме да излеземе херои или слично, но сметаме дека овде имаме исто толку добри шанси како во градот.“

Илјадници луѓе се веќе засолнети на безбедно.