1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Спорт

Навивачите на Пирин Благоевград сакаат во македонска лига

БГ
24 мај 2018

Незадоволни од, како што велат, репресијата на бугарските фудбалски органи, навивачите на фудбалскиот клуб Пирин Благоевград бараат нивниот клуб да се пресели во македонската фудбалска лига.

https://p.dw.com/p/2yEZw
Mazedonien - Fußballer Segjan Zaharievski und Vladislav Romanov
Фотографија: DW/P. Stojanovski

Популарните „орли“ испаднаа од првата бугарска фудбалска лига откако сомнителен гол ги осуди на пораз од 2:1 на домашен терен од тимот на Витоша Бистрица во понеделникот.
Помошникот судија го дигна знаменцето за офсајд во моментите кога Григор Долапчиев од Витоша го постигна одлучувачкиот гол, но судијата ја игнорираше неговата сигнализација и дозволи играта да продолжи.
„Почитувани раководители на македонскиот фудбал, ние навивачите на Пирин Благоевград, бараме да го прифатите Пирин во Македонското фудбалско првенство од следната сезона“, се наведува во писмото кое навивачите на Пирин го упатија до Македонската фудбалска федерација, додавајќи дека ќе прифатат место во било која лига.
Пирин и неговите навивачи во повеќе наврати сезонава се жалеа на лош третман од Бугарската фудбалска унија (БФУ) и од судиите.
„Во последните 20 години Пирин беше намерна цел на репресија од БФУ“, се наведува во писмото на навивачите.
Во некои посреќни времиња, Пирин од градот Благоевград кој се наоѓа на 20 километри од границата со Македонија, стигнуваше до финалето на бугарскиот куп и се натпреваруваше во европските купови. Но, во 2011 клубот беше исфрлен од бугарската прва лига поради неплатени долгови, а шест години претходно и поради неплатени даноци.

Пирин има традиција на развој на млади играчи, како поранешниот напаѓач на Манчестер Јунајтед Димитар Бербатов, како и повеќе членови на бугарската репрезентација кои стигнаа до полуфиналето на Светското првенство во 1994 година.