1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Може ли на Кина да и’ се случи Египет?

20 февруари 2011

По масовните протести во Тунис и во Египет поттикнати и организирани преку интернет и во кинеската онлајн заедница се поставува прашањето: Дали е тоа можно и во Кина? Тоа е неверојатно, бидејќи режимот е премногу силен.

https://p.dw.com/p/10Jak
Сцени како оваа на плоштадот Тахрир во Каиро се малку веројатни за Кина во иднинаФотографија: dapd

Случувањата во Тунис и во Египет покажуваат дека политичките преврати се можни во најкус можен рок. Тоа е факт кој ја воодушевува интернет заедницата во Кина, кон која припаѓа и стручњакот за интернет, Шјангхуи Мао:

„Демократското движење во Египет е одамна интернационализирано движење. Тоа е автохтоно, самоникнато движење. Што се однесува до Кина техничките услови се созреани. Наш проблем е цензурата, чија цел е да ги разбие протестите. Но, едно е сигурно: во интернет заедничките емоции бргу се поврзуваат и протести можат да избијат за час“.

China Internetcafé in Peking Zensur im Internet
Цензурата на интернет во Кина е доволно силна за да спречи какви било протестиФотографија: AP

Постои ли опасност за кинескиот режим?

Пред 22 години слободните мислители во Кина, пред се’ студенти, мораа да се снајдат без интернет. На масовните демонстрации тие бараа политички реформи. На плоштадот Тјенанмен во Пекинг, симболот на политичката моќ, тие стапија во штрајк со глад. Сепак нивните барања останаа без одек. Кинеската војска по заповед на владејачката Комунистичка партија, дури пукаше во студентите. Протестите во кои загинаа 3.000 лица влегоа во историјата под името „масакрот на Тјенанмен“.

И додека некои се воодушевени од мирните протести во далечната Северна Африка, марксистите во Кина се загрижени. Еден од приврзениците на фракцијата на левицата, Сима Нан во својот блог предупреди од опасноста за избивање на револуција во Кина.

Војската е фактор на одвраќање од мирна револуција

China Jubiläum Shenzhen Special Economic Zone
Армијата на Кина фактор на стабилност на режимотФотографија: AP

Изненадува фактот дека и кинеските интелектуалци и либералите и марксистите размислуваат за Тунис и за Египет, како предвесници за Кина која е следна на ред да доживее мирна револуција. Но, тие забораваат една работа: ситите не креваат револуција. Или можеби ја креваат токму затоа што се сити? Имено со растечката благосостојба растат и политичките барања на кинеското граѓанство. На тие барања владејачката партија во 1989 година одговори со насилство.

Борецот за човекови права Џешу Мо смета дека војската во Кина е фактор на одвраќање од мирна револуција:

„Односите меѓу војската и државниот апарат се слични во Кина и во Египет. Во овие земји со децении владеат автократски, затворени режими. Во блиска иднина се чини дека во Кина не може да се создаде толку масовен протест. Малку е веројатно дека тие движења директно ќе ја доведат во прашање власта. За тоа ни се потребни други услови. Но, се’ додека државниот апарат останува автократски и затворен, она што сега се случува во Египет ќе биде иднина за Кина“, вели Џешу Мо.

Автор: Минг Ши / Симе Недевски

Редактор: Горан Чутаноски