1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Метју остава пустош зад себе, делови од САД - евакуирани

БГ
6 октомври 2016

Ураганот Метју протатне низ карипските острови Хаити и Куба со ветрови кои надминуваат 200 километри на час. Во моментов ураганот е над Бахамите, а во текот на денот се очекува да пристигне до Флорида

https://p.dw.com/p/2QvHu
Haiti Wirbelstrum Hurricane Matthew
Фотографија: picture-alliance/AP Photo/D. N. Chery

Властите во САД ги евакуираат крајбрежните региони поради наближувањето на ураганот Метју кој веќе однесе најмалку 16 човечки животи на Хаити и предизвика огромна материјална штета на Карипските острови. 

„Се надеваме на најдоброто, но се подготвуваме за најлошото“

Метју е најсилната бура која ги погодува Карибите во последната деценија. Се очекува на американското крајбрежје да пристигне со јачина од четврта категорија.

Американскиот претседател Барак Обама ги предупреди граѓаните кои живеат во подрачјата кои се очекува да бидат погодени од ураганот, сериозно да ја сфатат опасноста. Повеќе од еден милион луѓе добија предупредување да се евакуираат од критичните области.

Haiti Hurricane Matthew in Saint-Louis
Последици од ураганот на ХаитиФотографија: Picture-Alliance/AP Photo/D. N. Chery

„Се надеваме на најдоброто, но се подготвуваме за најлошото“, рече Обама.

Откако ги мина Карипските острови, силината на ураганот падна на трета категорија од вкупно пет, според Националниот центар за урагани на САД.

Во крајбрежните американски региони, во сојузните држави Флорида, Џорџија и Јужна Каролина, граѓаните со денови се подготвуваат за бурата и складираат вода и храна.

USA Südostküste wappnet sich für Hurrikan Matthew
Редици за гориво во САДФотографија: Reuters/R. Hill

Оние кои одлучија да се евакуираат формираа колони долги стотици километри на патиштата. Повеќе бензиски станици останаа без гориво, што создаде блага паника меѓу граѓаните.