1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Либералите на Трудо, победници на изборите во Канада

СН/агенции
21 септември 2021

Премиерот Џастин Трудо распиша нови избори со цел да владее во Канада со апсолутно мнозинство. Според првичните резултати, неговите либерали победија на изборите. Но сѐ уште не се знае дали освоиле и апсолутно мнозинство

https://p.dw.com/p/40asq
Wahlen in Kanada
Џастин Трудо на гласачкото место заедно со неговите децаФотографија: Sean Kilpatrick/The Canadian Press /AP/picture alliance

Новата канадска влада ќе ја формира Либералната партија на премиерот Џастин Трудо, објавија рано утрината канадските медиуми врз основа на првичните резултати од предвремените избори во земјата.

Прелиминарните резултати не укажуваат на тоа дали премиерот ќе биде на чело на мнозинската или малцинската влада. За апсолутно мнозинство во канадскиот парламент, либералите мора да освојат 170 пратенички мандати. Трудо благодарејќи на победата на неговата партија ќе добие трет мандат по многу тешката кампања.

Пред изборите тој ги предупреди граѓаните дека неговите конзервативни противници би можеле да ја ослабат борбата на државата против пандемијата со коронавирусот. Трудо поддржува задолжително вакцинирање за сите кои сакаат да патуваат со авион или со воз, на што се противат од Конзервативната партија.

Wahlen in Kanada
Редица пред гласачко место во метрополата ТоронтоФотографија: Ian Willms/AFP/Getty Images

Околу 27 милиони Канаѓани со право на глас избираа 338 пратеници во Горниот дом. Ако ниту една од двете партии, кои уште од 1867 година се менуваат на власт, не добие мнозински места во парламентот, победникот ќе состави малцинска влада.

За тоа ќе мора да преговара со помалите партии како со Новата демократска партија на Џагамит Синг, која во анкетите доби 20 отсто од гласовите, или со Квебечкиот блок, сепаратистичка партија на чело со Ив-Франсоа Бланшет која ја поврати силата пред крајот на кампањата по полемиката за местото на Квебек во канадската конфедерација. Тука се и Зелените на Енами Пол чија порака за итноста за решавање на климатските прашања тешко допре до избирачите поради разединетоста и падот на угледот на партијата.