1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Лажливиот дух на деведесетите

Немања Рујевиќ
4 февруари 2019

Протестите во Србија траат веќе 2 месеца и лесно се прават поврзници со протестите пред повеќе од 2 децении. И режимот и демонстрантите користат мотиви од 90-те и некој тука опасно се пресметал, коментира Немања Рујевиќ.

https://p.dw.com/p/3CIy4
Serbien | Proteste gegen Präsident Vucic
Фотографија: Reuters/D. Kojadinovic

На демонстрациите на кои сега во 25 градови во Србија се собираат десетици илјади луѓе навистина провејува духот на деведесетите и протестите против режимот на Слободан Милошевиќ. И се чини како и двете страни да сакаат да го присвојат. Демонстрантите укажуваат на воедначеното известување на провладините мејнстрим медиуми, се слуша слоганот „ТВ Бастиља“, се бара разјаснување на убиствата и тепањата на противниците на власта и се осудуваат „контрамитинзите“, и се бодрат со сеќавањата дека и во деведесетите режимот делувал недопирливо, и оти и тогаш клучот бил во обдинувањето и упорните протести.

Впечатливо е дека и Александар Вучиќ, етапниот губитник од 5 октомври 2000 година, кога падна режимот на Милошевиќ, со задоволство ја прифаќа оваа игра. Заедно со своите мажоретки во оптек го враќа вокабуларот од „дланка платеници“, „сили на хаосот и безуумието“, кои евалуирале во одреди за „линч, силување, насилство“ за „опозициски“ или „американски“ јмедиуми и за тоа дека нема да се дозволи ново „палење и пљачкосување на парламентот“.

Тоа штоод двете страни на фронтот симболички се користат деведесетите ни говори дека и едните и другите, веруваат дека така најдобро можат да ги мобилизираат луѓет. А тоа пак ни говори дека во таа математика најмалку една страна ќе се прелаже.

Повеќе:

-На улица против самозаљубениот Вучиќ

-„Долу Влада!“: Огорченост ја зафаќа Европа

-Деца на колапсот

Но историјата никако не се повторува и воопшто не ѝ е грижа за луѓето и нивната рамантична желба за реваншизам. А всушност, малку што е исто. Само психолошкиот механизам кој прави денешните проблеми секогаш да изгледаат поголеми од вчерашните во иста реченица може да ги доведе сегашните и протестите во деведесетите со вшок крв, бегалски колони и нули на банкнотите, а со премалку храна и пелени во продавниците. На очајниот бес на толпите, опозицијата денес не може да смета. 

Исто како што не може да смета ни на убави зборови а да не зборуваме за пари од Западот, затоа што не консолидирана. Уверени во тезата дека тој ист Запад го „чува“ Вучиќ за да го заврши Косово, денес и поранешните убедени Европејци во Србија лебдат меѓу циничниот однос кон т.н. западни вредности и купувањето на карта во еден правец кон тој ист Запад.

Во тоа е вицот- денес се протестира против апатијата барем  исто онолку колку што се протестира против режимот. Се протестира и, како што јасно порача актерот Бранислав Трифуновиќ, во име на скепсата дека токму оние опозиционери сокриени во вториот или третиот ред можат да ја менуваат Србија иако за тоа имаа повеќе од една деценија по Петти октомври. 

Serbien | Proteste gegen Präsident Vucic
Фотографија: Reuters/D. Kojadinovic

Таа 1996 година на која често се повикуваат деновиве, зад транспарентот „Белград е светот“ застануваа луѓе , кои знаеја за кого гласале и за кого и натаму ќе гласаат, убедени дека со тапаните и со свирчињата се оди кон подобра иднина. Денес во тоа не се сигурни и многумина одат на протестните маршеви помалку носени од оптимизам, а повеќе од желбата наутро во огледало да не видат кукавица, која седела дома. 

Во тоа е проблемот со простото собирање на улица. Има нешто епско во во тоа руски знамиња се виорат до знамиња со боите на виножитото, но таа констелација која го поттикнува присобраниот Сојуз за Србија води во ќорсокак во стилот- ајде сите заедно да ги собориме од власт па ќе видиме како натаму. Тоа нема да биде доволно.

Сето ова води кон клучната разлика меѓу протестите во деведесетите и денес: тогаш толпата беше подготвена , ако е потребно, и да го прегази кордонот. Денес се пази на газење на тревата и се инсистира на пристијност- само за да не му се даде повод на весникот Информер да напише дека демонстрантите се само уривачи. Како на Информер воопшто да му треба некаков повод.

Да се шета може долго, но не и вечно. Пред демонстрациите се неколку крстосници без сигнализација- никој со сигурност не може да знае каде треба да се заврти. Мора ли организираната опозиција да излезе на бина и да каже гласајте за нас поради тоа и тоа? Дали треба да се радикализираат протестите? Како да се разбие медиумската блокада и да се разбудат засаните? Одговорите се разбира не се исти како во деведесетите, бидејќи, ова, впрочем не се деведесетите.

А кордони на улиците и нема. Вучиќ знае за тој јадец.