1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Здравје

Ковид-19: Изолацијата на Пекинг функционира?

СН/агенции
20 јуни 2020

Главниот град на Кина забележа нов пад на регистрираните нови случаи на Ковид-19, додека острите мерки за спречување на ширењето на вирусот остануваат во сила. Како изгледа ситуацијата таму погледнете во видеото:

https://p.dw.com/p/3e2hz

Здравствените власти во Пекинг јавија за 22 нови случаи на коронавирусот во градот во изминатите 24 часа. Нови починати од болеста нема. Ова е трет ден по ред во кој бројката на новозаразени во градот се намалува. 

Пред 10-тина денови метрополата повторно стана жариште на болеста и оттогаш наваму се регистрирани 205 новоинфицирани лица. Две од нив се во критична  а 11 други во сериозна состојба.

Како одговор на новото избувнување на вирусот во  минатата недела на градскиот пазар на големо Шинфади, власите прогласија второ највисоко ниво на тревога, со кое Пекинг беше делумно изолиран. 

Повеќе:

-Пекинг во делумна изолација поради коронавирусот

-Кина: Враќање во кризниот режим

-Ново жариште на корона во Кина, изолирани делови од Пекинг

Летовите кон и од главниот град на Кина беа драстично намалени а автобускиот сообраќај кон другите кинески провинции целосно запрен. 

„Европско“ потекло на вирусот во Пекинг

Потеклото на вирусот, кој е причина за најновото ширење на инфекцијата во кинеската престолнина е европско “, соопшти претставничката на Светската здравствена организација (СЗО), Марија ван Керкове.

На редовната пресконференција, таа изјави дека СЗО добила неколку секвенци на геномот на коронавирус од Пекинг и оти е потврдено нивното „европско потекло“.

„Новата епидемија не значи дека ова е втор бран на коронавирус“  рече директорот на СЗО за вонредни ситуации, Мајк Рајан.

Според него, доколку има појава на ново жариште, мора да се преземат итни мерки за да се избегне враќање на рестриктивните мерки за затворање.