1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Ново жариште на корона во Кина, изолирани делови од Пекинг

Сузане Ајкенфондер
13 јуни 2020

На пазар во кинескиот главен град има ново големо жариште на коронавирус. Властите реагираа веднаш.

https://p.dw.com/p/3diJk
China Peking Neue Abriegelungen nach Corona-Ausbruch
Фотографија: Getty Images/AFP/G. Baker

Пазарот за месо Шинфади, во кинескиот главен град Пекинг, е местото кое им задава нови главоболки на кинеските власти поради коронавирусот. 45 од 517 досега тестирани лица кои го посетиле пазарот се позитивни на коронавирусот, соопштија надлежните. Според планот, би требало да се тестираат 10.000 трговци и вработени на пазарот.

Повеќе:

Кина прифаќа меѓународна истрага за потеклото на коронавирусот

Втор корона бран од североистокот на Кина?

„Преработена“ статистика - во Вухан 50 проценти повеќе жртви од коронавирус

Фирмата која управува со пазарот соопшти дека коронавирус е пронајден на штиците за сечење, на кои вработените на пазарот го обработуваат лососот. Весникот „Пекинг Дејли“ пишува дека големите ланци супермаркети, како Вумарт и Карфур, во текот на изминатата ноќ отстраниле извесен број производи од лосос од своите полици. Вчера властите затворија и два други пазари, кои ги посетил еден од инфицираните. Новинарите известуваат за присуство на голем број полицајци пред пазарите.

China Peking Abriegelung Xinfadi Markt
Изолирани се повеќе делови на ПекингФотографија: Getty Images/AFP/G. Baker

Властите, освен тоа, воведоа и мерки за изолација за квартот Фенгтаи. Комплетно се изолирани 11 станбени делови во квартот, а затворени се девет училишта и градинки, соопштија претставници на локалните власти. Освен тоа, за сузбивање на вирусот се забранети спортски настани и патување во други провинции. Поради развојот на ситуацијата, властите ја повлекоа и одлуката за отворање на основните училишта во Пекинг за децата од прво до трето одделение, кои требаше да почнат да посетуваат настава од понеделник.

Како технологијата за надзор се користи во корона-кризата