1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Кинески хакери украле тајни американски воени планови

ЕМФ /агенции
9 јуни 2018

Дебакл за американската армија? „Вашингтон пост“ пишува дека кинески хакери по налог на својата влада украле тајни американски планови за развој на ракета за подморници. Кина реагира брзо.

https://p.dw.com/p/2zCVa
Obama Abrüstung Ankündigung Tomahawk Archiv 2003
Американската подморница „Флорида“ исфрла ракета во водите пред брегот на Бахамите (архива, 2003 година)Фотографија: Reuters

На доставувач на американската морнарица во јануари и февруари годинава му биле украдени големи количества податоци за развој на ракета за американските армиски подморници, пишува „Вашингтон пост“.

Освен тоа, украдени се информации и за просторијата за радио и навигациски врски на подморницата, кои, меѓу другото, содржат и податоци за системите на тајни кодови. Вклупно, украден е материјал со волумен од 614 гигабајти за проектот „Морски змеј“. Податоците биле меморирани во несигурна мрежа. Целиот украден материјал бил таен, тврди весникот повикувајќи се на информирани кругови. Морнарицата повела истрага со поддршка на ФБИ.

Повеќе: Сите шпионираат: Нова дигитална несигурност

Името на фирмата-доставувач во текстот на „Вашингтон пост“ не е наведено. Единствено се вели дека фирмата работела за Центарот за подводни-морски војни, чија централа е во американската сојузна држава Род Ајленд.

Symbolfoto Hacker Hackerangriff
Фотографија: Imago/T. Trutschel

Кинеската амбасада тврди дека не знае ништо за ваков напад. „Кинеската влада (...) се бори против сите форми на сајбер-напади во согласност со законот', изјави портпарол на кинеската амбасада во САД за агенцијата ДПА.