1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Како да се дојде до чиста вода за пиење?

21 февруари 2011

Mногу делови од светот се соочуваат со недостаток од вода за пиење. Во сушните области на Јужен Јордан почнува реализацијата на проектот СМАРТ, што има за цел постојната вода за пиење уште подобро да се искористи.

https://p.dw.com/p/R2pv
Фотографија: Fotolia/Udo Kroener
Јордан бележи забрзан раст, без разлика дали станува збор за бројот на жители или за економскиот развој. Но, затоа на земјата има потреба од повеќе вода: питка вода за луѓето, пречистена техничка вода за земјоделството и индустријата. Резервите на подземните води се доволни за наредните три децении: дождови има се´ помалку, а поради топлата клима и честите суши, перспективата не е многу светла, предупредува хидрогеологот Штефан Гајер од центарот за еколошки истражувања во Хале.