1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

ЕУ-самит: Персоналната вртелешка ќе врти и утре

ЕМФ | агенции
1 јули 2019

Самитот на ЕУ посветен на барање персонални решенија за највисоките функции во Унијата е прекинат и ќе продолжи утре. Постигнувањето компромис, според германската канцеларка Меркел, е „компликувано, но можно“.

https://p.dw.com/p/3LPAT
Belgien EU-Sondergipfel Brüssel | Jean-Claude Juncker
Кој ќе го замени Жан-Клод Јункер?Фотографија: Reuters/J. Geron

Маратонското заседавање оди во ново продолжение: претседателот на Советот на ЕУ, Доналд Туск, го одложи за утре самитот на ЕУ на кој трескавично се бара компромис околу личностите кои ќе ги заземат врвните позиции во Унијата. По неуспешното маратонско заседание во текот на изминатата ноќ, шефовите на држави или влади ќе се сретнат повторно утре во 11 часот.

Германската канцеларка по 18-часовните преговори во Брисел, изрази претпазлив оптимизам дека е можен компромис. „Компликувано е, но можно“, уверена е Ангела Меркел. Таа рече дека сѐ уште нема мнозинство за тоа Холанѓанецот Франс Тимерманс да го замени Жан-Клод Јункер на позицијата претседател на Европската комисија. Мнозинство нема ниту за останатите предлози.

Belgien EU Gipfel in Brüssel - Angela Merkel
Ангела Меркел е претпазлив оптимистФотографија: Reuters/J. Geron

Францускиот претседател Емануел Макрон зборува за „пораз, бидејќи нема резултат“ од преговорите. ЕУ-државите даваат „слика за Европа која не е сериозна“, оцени Макрон.

Повеќе:

ЕУ: Самит на неединство

ЕУ-расправија за врвните позиции

ЕУ-членките мора да најдат решенија за врвните позиции во Унијата, а притоа да биде постигната рамнотежа помеѓу партиско-политичките и регионалните интереси. Како наследник на Јункер прво во игра беше конзервативниот кандидат Манфред Вебер, но тој на самитот пред десетина дена не доби доволно поддршка од земјите членки на ЕУ. Особено Макрон смета дека Вебер, поради тоа што нема владино искуство, не е соодветен да го замени Јункер.

Belgien EU-Sondergipfel Brüssel | Emmanuel Macron
Макрон зборува за пораз на ЕУФотографија: Getty Images/AFP/K. Tribouillard

Потоа канцеларката Меркел на самитот на Г20 со Франција, Шпанија и Холандија се договори за предлогот Франс Тимерманс да биде шеф на ЕК, Вебер да биде назначен на местото претседател на Европскиот парламент, а Либералите да имаат можност да предложат свој човек на позицијата претседател на Советот на ЕУ. Ова наиде на огорченост во редовите на Европската народна партија, поради тоа што во таков случај конзервативците, и покрај тоа што се победници на европските избори, нема да имаат ниту највисока функција во Советот на ЕУ ниту во Европската комисија.

Belgien EU-Sondergipfel Brüssel | Emmanuel Macron
Самитот продолжува во вторник (2.07.2019)Фотографија: picture-alliance/AP Photo/O. Matthys

Самитот на ЕУ поради голем број предразговори вчеравечер започна со три и пол часа задоцнување, по што беше неколкупати прекинуван заради консултации. Покрај претседателите на Советот на ЕУ, на Европската комисија и на Европскиот парламент, треба да падне договор и за Високиот претставник на ЕУ за надворешна и безбедносна политика, како и за шефот на Европската централна банка.