Гумените бонбони на Харибо ќе се произведуваат во САД
24 март 2017Реклама
Харибо „Made in USA" - тоа ќе му се допадне на Доналд Трамп. Светски познатиот производител на гумени бонбони Харибо во САД ќе гради една од најголемите фабрики за слатки во светот. Златните мечиња и другите производи наскоро ќе се произведуваат во Висконсин. Инвестиција од 240 милиони евра и 400 нови работни места.
Семејното претпријатие од Бон почна од почеток по Втората светска војна. Врз урнатините од фабриката за бонбони се изгради светски бренд. Во моментов, Харибо ширум светот вработува околу 7000 луѓе, а дневно произведува околу 100 милиони гумени бонбони.