1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Германија ќе инвестира во образованието

23 октомври 2008

Германската држава со моќен финансиски пакет, тежок повеќе милијарди евра, ќе се справува и со кризата во образовниот систем. Сеуште е нејасно кој ќе го плати сето ова?

https://p.dw.com/p/FfIU
Канцеларката Меркел и покраинските премиери во ДрезденФотографија: AP

За образование и истражување во Германија до 2015 година, ќе се издвојуваат десет проценти од брутонационалниот производ. За ова се договорија сојузната влада и 16-те покраини на еднодневниот Самит за образование кој вчера се одржа во Дрезден. Преведено во бројки, тоа значи дека годишно ќе се доделуваат меѓу 25 и 60 милијарди евра. Германската канцеларка Ангела Меркел е задоволна. Таа истакна дека резултатите од Самитот за образование преставуваат огромен чекор напред: „Свесни сме дека луѓето ни се најдобрите ресурси коишто ги имаме. Просперитет за сите значи и образование за сите,“ рече Меркел.

Нејасно е колкав уддел ќе имаат покраините и државата

Остана отворено прашањето, колкав дел од трошоците ќе преземе сојузната влада, а колку покраините. На средбата беше договорено, дека една така наречена Група за стратегија, составена од претставници на сојузната влада и на покраините, треба по парламентарните избори во 2009-та година да изготви предлози за финансирањето на пакетот за образовниот систем. Покраините остануваат на барањето, за образованието да добијат поголем повраток од данокот на промет. Барањето засега е одбиено. Градоначалникот на Берлин Клаус Воверајт по средбата истакна дека генерално е незадоволен со финансиските ветување на сојузната влада за севкупниот пакет: „Кога сојузната влада вели дека треба да учествува , дека сака да учествува , тогаш мора да даде и пари“ - истакна Воверајт.

Bildungsgipfel in Dresden Merkel mit Schülern
Канцеларката Меркел и група ученициФотографија: AP

Планирани се повеќе реформи

Инаку во Дрезден, меѓу другото е договорено до 2015 година да се преполови бројот на учениците и оние на дообука, кои предвреме ја прекинуваат наставата. Со новите мерки, треба да се обезбедат и јазични курсеви за децата на мигрантите, да се воведат обврзни јазични тестови за децата од претшколска возраст, да има училишта со подобро обучени наставници и помали одделенија. Превидено е и да се воведат дополнителни места за студирање, како и да им се дадат дополнителни шанси за образование на невработените.