1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Музика

Вудсток - собир на една генерација

15 август 2019

Со многу тиња, љубов, мир и рокенрол, музичкиот фестивал Вудсток, кој почна пред токму половина век, стана легенда. Остануваат незаборавни настапите на уметници како Џенис Џоплин, Џими Хендрикс и Џоан Баез.

https://p.dw.com/p/3NxXE
Woodstock - Jimi Hendrix
Фотографија: picture-alliance/P. Tarnoff/ MediaPunch

Не биле присутни ни Битлси ниту пак Ролингстоунси, но сепак музичкиот фестивал Вудсток, одржан од 15-18 август 1969 година важи за ѕвезден момент на поп културата. Оваа недела се навршуваат точно 50 години од култната манифестација. Документарниот филм за фестивалот во 1970 година доби Оскар. Тој ги прикажува историските моменти, од подготовките, до растурањето на бината на млечната фарма кај Бетел, 90 километри од градот Вудсток. Една жена, која била на одмор во Бетел, сведочи: „Гледавме како тука надојдоа цели градови луѓе, неверојатно!“. Млади луѓе во батик кошули, хипици, со впечатлива шминка, долги коси, некои боси, наоколу кружел џоинт. Напливот бил огромен, оградите биле едноствано срушени и без оглед на протестите на финансиерите, Вудсток бил прогласен за бесплатен фестивал. „Мир и музика“, гласеше неговото мото. Легендарни се настапите на Џоан Баез, Ху, Сантана, Џенис Џоплин. Во сеќавање остануваат посебно сцените со Џо Кокер со песната на Битлси, „Со мала помош од моите пријатели“ и изведбата на националната химна на Џими Хендрикс, виртуозот на електрична гитара. Многумина се единствени во оценката за Вудсток - светот никогаш дотогаш не видел такво нешто.