Во очекување на „Ирма“
6 септември 2017„Ирма“, најмоќниот ураган кој некогаш е забележан на подрачјето на Атлантскиот Океан, стигна до североисточните Карипски Острови, предизвикувајќи прекин на телефонските линии, а можно е за време на викендот да ја погоди и американската сојузна држава Флорида.
Ураганот донесе обилни дождови и силни ветрови на островот Антигва, каде што луѓето се собрани во јавни засолништа. Надлежните ги предупредија жителите да се засолнат од ураганот, кој уништува сѐ пред себе.
Американскиот Национален центар за урагани објави дека невремето од петта категорија би требало да премине и преку другите Карипски Острови. Според извештаите, овој ураган носи ветрови со максимална брзина од околу 300 километри на час.
„Ирма“ би можела да предизвика големо уништување во Порторико, на американската територија на Карибите каде што живеат 3,4 милиони луѓе, Доминиканската Република и Хаитите, како и Американските Девствени Острови, а во опасност е и Куба.