1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
ЗдравјеГлобално

Загриженост поради новата вирусна мутација на Омикрон

ЖА / агенции
5 јануари 2023

На членките на ЕУ нагласено им се препорачува да воведат задолжително тестирање за патниците од Кина. Загриженост предизвикува ширењето на мутација на Омикрон.

https://p.dw.com/p/4LkgF
Mehr Länder führen Corona-Testpflicht für Reisende aus China ein
Фотографија: Alessandra Tarantino/AP Photo/picture alliance

Германскиот министер за здравство Карл Лаутербах укажува на новата подваријанта на коронавирусот која во САД предизвикува зголемен број упати на пациенти во болниците.

„Следиме дали и колку силно ќе настапи XBB.1.5 во Германија. Да се надеваме дека ќе ја поминеме зимата пред ваква варијанта да се прошири и кај нас,“ изјави Лаутербах.

Подваријантата XBB.1.5 е многу полесно пренослива од сите досега познати, иако не и поопасна. Таа засилено се проширува во САД и во Европа и е веќе докажана во 29 земји. Станува збор за подвид на варијантата Омикрон, која циркулира од крајот на 2021 година. Американските здравствени власти проценуваат дека на новата подваријанта XBB.1.5 отпаѓаат веќе околу 40,5 проценти од регистрираните нови инфекции во САД.

Со оглед пак на ширењето на бранот на новоинфицирани со коронавирус во Кина, на државите членки на ЕУ нагласено им се препорачува да воведат задолжително тестирање за патниците кои пристигнуваат од Кина, тоа е заклучокот на претставниците на земјите-членки со здравствените експерти, донесен вчера. Како што соопшти шведското претседателство со Советот на ЕУ,  дадена е и препорака за земање тест-примероци од патници по принцип на случаен избор, како и за анализа на отпадната вода од летовите од Кина. Освен тоа, дадена е препорака за носење на заштитни маски на летовите кон и од Кина.

Целта на состанокот беше постигнување воедначен пристап во ЕУ во однос на патниците од Кина, откако неколку поголеми држави од Унијата, како Франција, Италија и Шпанија во изминатите денови веќе воведоа обврска за поседување негативен тест на коронавирус, не постар од 48 часа, за патниците од Кина. Темата не е е дефинитивно симната од дневен ред, со оглед на очигледните разногласија во ЕУ, за неа повторно ќе се разговара.

Светската здравствена организација (СЗО), според податоците со кои располага, соопшти дека во Кина не е пронајдена нова вирусна варијанта, иако тоа само делумно ја сузбива загриженоста за експлодирачкото ширење на инфекцијата откако земјата нагло ги прекина мерките во рамките на својата „нулта ковид“ политика.