1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
КатастрофиКина

Смртоносен земјотрес во северозападна Кина

СН/агенции
19 декември 2023

Во силен земјотрес што ја погоди Кина досега загинаа најмалку 118 луѓе. Особено погоден е регионот Џишишан во провинцијата Гансу. Преживеаните и спасувачките екипи се борат и со студот во регионот.

https://p.dw.com/p/4aK6S
Бројни спасувачи веднаш беа испратени во најпогодените места од земјотресот
Бројни спасувачи веднаш беа испратени во најпогодените места од земјотресотФотографија: China Daily/REUTERS

Најмалку 118 лица загинаа, а повеќе од 500 се повредени во земјотресот што го погоди регионот на границата меѓу кинеските провинции Гансу и Кингхаи, објавија вчера кинеските државни медиуми.

Европскиот медитерански сеизмолошки центар (ЕМСЦ) процени дека земјотресот во регионот бил со јачина од 6,1 степени.

Земјотресот бил на длабочина од 35 километри со епицентар 102 километри западно-југозападно од Ланжу, Кина, соопшти ЕМСЦ. Според државната новинска агенција Шинхуа, земјотресот, кој се случил околу полноќ, имал интензитет од 6,2 степени.

Урнати објекти во местото Дахеџија во регионот Џишишан
Урнати објекти во местото Дахеџија во регионот Џишишан Фотографија: STR/AFP/Getty Images

Најголема штета е забележана во округот Џишишан во регионот Гансу во земјата, на околу 100 километри југозападно од мегаградот Ланжу - земјотресот се почувствувал и таму. Погодени се и делови од соседниот регион Кингхаи. 

Според извештаите, во потресот се урнале куќи изгради, а бројни патиштата се оштетени. На неколку места снемало струја, а водоснабдувањето било прекинато. Многу луѓе, ја минаа вечерта на отворено на голем студ и температури под нула Целзиусови степени. Според локалната метеоролошка агенција, минималната температура во Џишишан се очекува денеска да достигне минус 10 степени.

Луѓето во Ланжу ја минаа ноќта на отворено на температури под нулата
Луѓето во Ланжу ја минаа ноќта на отворено на температури под нулатаФотографија: Wang Xi/AP Photo/picture alliance

Кинеската Национална служба за спречување на катастрофи и помош и Министерството за управување со вонредни состојби ја активираа итната помош на 4-то ниво, соопшти Шинхуа.

Спасувачки тимови се испратени во областите погодени од земјотресот каде што се борат со многу ниски температури и замрзнатиот терен во потрага по преживеани.

Кинескиот државен и партиски лидер Ши Џинпинг повика да се направи сѐ за да се спасат луѓето во погодениот регион.

China | Rettungsarbeiten nach Erdbeben in Gansu Provinz
Фотографија: Wang Xi/AP Photo/picture alliance

 

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема

Повеќе на оваа тема