1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Нови земјотреси во Кина

ЕМФ /агенции
9 август 2017

Земјата во Кина не се смирува. По земјотресот во Сечуан, на југозападот на Кина, сега следуваат нови потреси.

https://p.dw.com/p/2hui2
China Erdbeben
Фотографија: picture alliance/dpa/Photoshot

Во земјотресот со јачина од 7 степени според Рихтеровата скала кој се случи во провинцијата Сечуан, загинаа најмалку 13 лица. Меѓу нив има шестмина туристи, јави кинеската државна агенција Чајна Њус. Засега не е соопштена националноста на загинатите странци. Провинциската влада соопшти дека досега се знае за 175 повредени лица. Во природниот резерват Џиужајгоу поради лизгање на земјиште од светот се отсечени околу 100 туристи.

Серија земјотреси во Кина

Само неколку часа по земјотресот во Сечуан, нов потрес на земјата од сон ги разбуди жителите на северозападниот регион Џинјанг. Властите соопштија дека јачината на потресот била 6,6 степени, а епицентарот на околу 100 километри од границата со Казахстан. За среќа, регионот е ретко населен, па бројот на повредени е само 19.

Инаку, Сечуан во 2008 година беше погоден од катастрофален земјотрес со јачина од 8 степени, во кој загинаа повеќе од 80.000 луѓе. Регионот важи за едно од земјотресно најактивните подрачја во Кина.