1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
КатастрофиСоединети Американски Држави

Се урна товарен авион во Кентаки, САД – повеќе жртви

ЖА / агенции
5 ноември 2025

Авионот требало да полета од меѓународниот аеродром „Мухамед Али“ во Луисвил до Хонолулу. Властите известуваат за најмалку седум жртви, најмалку единаесет лица се повредени.

https://p.dw.com/p/536Mk
Се издига голем облак од чад  - авионска несреќа на аеродромот во Луисвил, Кентаки во САД
Сликите од меѓународниот аеродром „Мухамед Али“ во Луисвил покажаа пламен на левото крило на авионот и трага од чадФотографија: Stephen Cohen/Getty Images/AFP

Товарен авион на компанијата УПС (UPS) се урна при полетувањето од аеродромот во Луисвил, Кентаки. Следела експлозија и голем пожар. Најмалку седум лица загинале, а најмалку единаесет се повредени во несреќата, некои од нив на земја, според информациите на гувернерот Енди Бешир. Неколку лица се здобиле со критични повреди.

Федералната администрација за воздухопловство на САД (FAA) изјави дека авионот се урнал околу 17:15 часот (локално време) на меѓународниот аеродром во Луисвил, „Мухамед Али", на пат кон Хонолулу.

Авионот бил од типот „Мекдонел Даглас МД-11“, стар 34 години, како што објави Би-Би-Си. Според УПС, авионите од овој тип постепено ќе бидат исфрлени од употреба во наредните години.

Се издига голем облак од чад  - авионска несреќа на аеродромот во Луисвил, Кентаки во САД
Се гледа како се издига Чад во близина на градот ЛуисвилФотографија: Leandro Lozada/AFP

Според Крег Гринберг (52), градоначалник на Луисвил, товарниот авион носел голема количина гориво. Авион од овој тип може да собере до 146.155 литри. Неколку слики покажуваат огромна огнена топка по падот. Би-Би-Си известува дека пламените јазици оштетиле и блиска деловна зграда и неколку продавници.

Фотографиите на социјалните медиуми покажуваат голем облак од црн чад како се издига кон небото. Полицијата на платформата X пријави дека настанал голем пожар и ја повика јавноста да ја избегнува областа.

Поради едномесечната  финансиска блокада  на владата во  САД,  министерот за транспорт Шон Дафи предупреди за можно затворање на воздушниот простор непосредно пред несреќата. Тој рече дека доколку не се постигне договор во  спорот за буџетот  меѓу Републиканците и Демократите, се неизбежни „масовен хаос“, одложувања на летови и откажувања. „Можеби ќе бидеме принудени да затвориме делови од воздушниот простор затоа што едноставно не можеме да се справиме со оваа ситуација", истакна министерот.