1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Дежа-ви на Антонио Кошта во Скопје

БГ
2 јуни 2026

Претседателот на Европскиот совет Антонио Кошта, по една година од последната посета, од Скопје ја испрати истата порака: Испорачајте го она што е договорено.

https://p.dw.com/p/5EkhZ
Македонскиот премиер Христијан Мицкоски и претседателот на Советот на ЕУ, Антонио Кошта
Иста сцена, иста порака. Антонио Кошта од Скопје порача да се исполнат обврскитеФотографија: Petr Stojanovski/DW

Патот на Северна Македонија кон ЕУ води единствено преку исполнување на договорените обврски, односно ставање на Бугарите во Уставот. Ова од Скопје уште еднаш, во рок од една година, го повтори претседателот на Европскиот совет Антонио Кошта.

„Како што кажав и пред една година: она што е договорено, е договорено. И треба да се испорача она што е договорено и ништо повеќе од она што е договорено“, рече Кошта на заедничката прес-конференција со премиерот Христијан Мицкоски.

„Она што е договорено во 2022 треба да се испорача. Ништо повеќе. Сето тоа е нормален процес на проширување. Тоа е процес на заслуги, и тоа истото го прават и другите земји-кандидати“, дополни Кошта.

Кошта овојпат одби да зборува за гаранции. 
„Усвојувањето на договорените уставни измени останува неопходниот следен чекор за формално почнување на пристапните преговори. Тоа е единствениот начин за отклучување на целосните придобивки од членството во ЕУ за граѓаните на Северна Македонија, тоа значи Македонците“, рече Кошта.

Украина е различна од Западниот Балкан

Претседателот на Европскиот совет последен пат го посети Скопје во мај 2025 година, и од истото место- владината прес-сала, ги испрати, речиси до збор, истите пораки.

Во однос на предлогот на германскиот канцелар Мерц за „придружно членство“ за Украина во ЕУ, Кошта рече дека за предлогот ќе се разговара во Советот на ЕУ, но тој самиот не е сигурен дека е потребен специјален статус за Украина, затоа што Украина многу добро испорачува во делот на реформите.

Кошта објасни дека Мерц верува оти процесот на пристапување со шесте земји од Западниот Балкан е полесен одошто со Украина, и за тоа предлага специјален статус за Украина.