Финската премиерка Сана Марин се најде на удар на критиките откако беше снимена како танцува за време на приватна забава. Критичарите велат дека тоа е недостојно за еден премиер и бараат да направи тест за употреба на дрога. Но, во минатото и други политичари танцувале. Дали е Марин на удар затоа што е жена?