1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
КонфликтиИзраел

Израелската армија почна со операции во Појасот Газа

ЕМФ | агенции
14 октомври 2023

Израелските војници, според армиски извори, почнале со потрага по „терористи и оружје“ во Појасот Газа. Населението, кое претходно беше повикано да го напушти регионот, е во паника.

https://p.dw.com/p/4XWrE
Израелски тенкови во близина на границата со Појасот Газа
Израелски тенкови во близина на границата со Појасот Газа, 12.10.2023Фотографија: Mostafa Alkharouf/AA/picture alliance

Израелската армија соопшти дека спровела неколку ограничени операции во Појасот Газа во изминатите 24 часа. Портпаролот на израелската армија Даниел Хагари на мрежата Х напиша дека целта на овие операции е „да се исчисти областа од терористи и оружје“.

Притоа биле направени и напори за пронаоѓање на можни киднапирани лица. Копнените и тенковските трупи барале траги и уништиле „терористичка инфраструктура“ и елиминирале „терористички ќелии“. Тоа вклучува и ќелија која, како што се вели, пукала на израелска територија со противтенковско оружје. За време на еден од овие напади, израелската војска пронашла тела на исчезнатите сонародници, се вели во извештај на медиумите. „Ерусалим пост“ рано изутринава објави дека телата биле откриени претходната вечер при напредување на 7-та бригада во пограничната област. Нема информации за бројот на загинати. Бригадата ја опколила областа, по што телата биле извлечени и донесени на израелска територија.

Паника и очај во Појасот Газа

Ова е првпат по терористичкиот напад на Хамас врз Израел армијата да соопшти дека израелски копнени сили биле активни во Појасот Газа. Нема индиции дека притоа се работи за почеток на очекуваната изреаелскакопнена офанзива во Појасот Газа. Израелската армија претходно ги повика жителите на градот Газа да се евакуираат до 20 часот по локално време (19:00 часот по средноевропско време) и да заминат во насока на југ. „Армијата ги повикува сите цивили во градот Газа да ги напуштат своите домови кон југ заради сопствена безбедност и заштита“, рече портпаролот на армијата Џонатан Конрикус. Луѓето треба да заминат во областа јужно од Вади Газа, која е приближно во средината на областа долга само 40 километри.

Населението во Појасот Газа е во паника и очај со оглед на очекуваната копнена офназива на Израел против исламистичкиот Хамас. Обединетите нации стравуваат дека доколку израелската армија вмаршира во густо населената област, се заканува „катастрофална ситуација“. ОН го повикаа Израел да го повлече повикот за евакуација. Според проценките, од повикот за евакуација се погодени околу 1,1 милион луѓе. Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, побара итен пристап во Појасот Газа за хуманитарна помош. „И војните имаат правила“, изјави тој во Њујорк.

Незамислива хуманитарна катастрофа во Газа

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема

Повеќе на оваа тема