1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Републиканската конгресменка Лиз Чејни и нејзиниот татко, поранешниот потпретседател на САД, Дик Чејни
Републиканската конгресменка Лиз Чејни и нејзиниот татко, поранешниот потпретседател на САД, Дик ЧејниФотографија: Jabin Botsford/AP Photo/picture alliance
ПолитикаСоединети Американски Држави

Пораз за познатата внатрепартиска противничка на Трамп

СН/агенции
17 август 2022

Републиканската конгресменка Лиз Чејни загуби на внатрепартиските избори за кандидатурата за пратеничко место во Претставничкиот дом на САД од противкандидатката, поддржана од поранешниот претседател Доналд Трамп.

https://p.dw.com/p/4FdFQ

Најистакнатата внатрепартиска критичарка на поранешниот американски претседател Доналд Трамп, Лиз Чејни, повеќе нема да биде пратеничка во Претставничкиот дом на Конгресот на САД. Републиканката ги загуби внатрепартиските избори за конгресменската кандидатура во нејзината родна држава Вајоминг од противкандидатката Хариет Хејгеман. Таа сега ќе биде кандидатка на Републиканската партија во изборниот округ во Вајоминг на делумните избори за Конгресот во ноември.

Хејгеман во внатрепартиската изборна битка со Чејни имаше поддршка од поранешниот претседател Доналд Трамп

56-годишната Лиз Чејни е една од само двата члена од својата партија кои учествуваа во работата на комитетот во Конгресот кој ги истражуваше обидите на Трамп да остане на власт откако загуби на изборите.

Сите 10 републиканци кои гласаа за импичмент на Трамп, по смртоносниот напад на неговите приврзаници врз Капитолот на 6 јануари 2021 година, беа изложени на одмаздничка кампања од страна на поранешниот претседател.

Досега, четворица од нив се повлекоа, четворица загубија на внатрепартиски избори од кандидати кои ги поддржа Трамп, а само двајца успејаа да победат на внатрепартиските избори и така да останат кандидати за реизбор во Конгресот.

Ќерката на поранешниот потпретседател на САД, Дик Чејни беше последна од десетте републиканци кои беа цел на одмаздата на Трамп.

Прескокни го блокот Поврзани теми
Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Денеска (31.01) во Владата ќе се одржи средба меѓу премиерот Димитар Ковачевски и лидерот на Алијанса за Албанците, Арбен Таравари

Мнозинство под ризик - едни да влезат, други да излезат

Прескокни го блокот Повеќе теми
Врати се на почетната страница