1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
КатастрофиДанска

Неколку повредени во железничка несреќа во Данска

ЖА
23 април 2026

Во судир на два воза во Данска, очигледно со голема брзина, според полицијата има најмалку 17 повредени, од кои четворица се во критична состојба.

https://p.dw.com/p/5Cgma
Железничка несреќа во Данска - судир на два воза
Неколку повредени во железничка несреќа во ДанскаФотографија: Steven Knap/Ritzau Scanpix/REUTERS

Во железничка несреќа во Данска се повредени најмалку 17 лица. Меѓу населените места Хилерод и Кагеруп, околу 40 километри северно од главниот град Копенхаген, во четвртокот наутро „се судриле два воза“, соопшти полицијата. Според медиумски извештаи, повредени се 17 лица, од кои четворица тешко.

Железничка несреќа во Данска - судир на два воза
Седумнаесет лица се повредени во директен судир меѓу два воза во Данска, Четворица од патниците се во критична состојбаФотографија: Steven Knap/Ritzau Scanpix/REUTERS

Според податоците на службите за итна помош, итниот повик бил примен во 06:30 часот. „Станува збор за фронтален судир“, изјави портпаролот на полицијата Тим Симонсен за новинската агенција АФП. Сите патници биле евакуирани од возот, меѓу нив и повредените.

Во судирот двата воза се тешко оштетени. Кабините на двете локомотиви биле деформирани од ударот, а прозорците на предните делови од возовите се скршиле.

Железничка несреќа во Данска - судир на два воза
Несреќата се случила северно од Копенхаген на линијата меѓу градовите Хилерод и Кагеруп, соопшти полицијатаФотографија: Steven Knap/Ritzau Scanpix/REUTERS

„Длабоко сум потресена и шокирана, моите мисли се со сите што се погодени“, изјави Трине Егетвед, градоначалничката на општината Грибсков, која се наоѓа во близина на местото на несреќата. Полицијата и службите за итна помош биле во голем број на терен. Ќе следи истрага „што точно се случило и ќе се обезбеди секој да ја добие помошта што му е потребна“, соопштија од полицијата.

Железничките несреќи во Данска се релативно ретки. Сепак,  во 2019 година во несреќа со патнички воз животот го загубија осум лица.