Тешка несреќа во Данска
2 јануари 2019Во несреќата што се случи изутринава на мост над протокот Големиот Белт во Данска загинаа најмалку шест лица, а повредени се шеснаесетмина, соопштија данската дражавна железница ДСБ и полицијата.
Патнички воз кој се движел во насока на Копенхаген во 7:30 часот изутринава бил удрен од предмет од товарен воз. Машиновозачот потоа нагло закочил, соопшти управителот со железничката мрежа Банеданмарк.
Патничкиот воз запрел на мостот над Големиот Белт. Поради силната бура на спасувачките екипи прво им било многу тешко да стигнат до возот. Според ДСБ, во возот се наоѓале 131 патник и тројца членови на екипажот.
Осумнаесет километри долгиот мост над Големиот Белт ги поврзува источна и западна Данска. Поради големиот ветер сега е затворен не само овој мост, туку и Оресунд-мостот помеѓу Данска и Шведска. Бурата во Шведска изутринава без електрична енергија остави повеќе од 100.000 домаќинства. Причина се урнати дрвја врз мрежата.