1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
ПатувањеСирија

Екстремен туризам

СН/дв
24 јуни 2023

Трагедијата на подморницата „Титан“ го сврте вниманието на светската јавност кон авантуристичкиот и ектремен туризам. Тој доживува бум со години и покрај смртоносните опассности.

https://p.dw.com/p/4T14D
Syrien - Ruinen in Palmyra
Фотографија: Omar Sanadiki/AP/picture alliance

Еден таков пример се контроверзните туристички патувања во Сирија, земјата во која со години беснее граѓанска војна. Бројни туристички агенции повторно организираат вакви патувања за авантуристи за кои ниедно патување не е прескапо, ниту премногу опасно. Тие патувања се спорни и поради тоа што се организираат на територијата контролирана од владата. Критичарите велат дека туристите, на тој начин, индиректно го поддржуваат режимот на Башар ал-Асад.. За време на граѓанската војна голем број туристички атракции во земјата беа тешко оштетени, како што е на пример разурнатиот антички град Палмира.