1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Albanien EU Westbalkan Gipfel Tirana
Фотографија: Bernd Riegert/DW

„Дотерана“ за гостите од Европа

СН/дв
6 декември 2022

Знамињата на Албанија и на Европската унија и портрети на видни Европејци го красат еден од централните булевари во Тирана. Главниот град на Албанија е подготвен за самитот, кој веќе го доби епитетот „историски“.

https://p.dw.com/p/4KWHg

Самитот на Европската Унија и Западен Балкан, чии главни теми ќе бидат заедничко справување со последиците од војната во Украина и зајакнување на безбедноста и отпорорноста на странско мешање, ќе се одржи денеска во Тирана.

Советот на ЕУ во минатата недела објави дека самитот „претставува можност да се потврди клучната важност на стратешкото партнерство меѓу ЕУ и Западен Балкан, регион со јасна европска перспектива“.

Во декларацијата што треба да биде усвоена на крајот на самитот, се нагласува решеноста на Западен Балкан да се придвижи кон членство во Унијата, а не само вообичаената „европска перспектива“, наведоа европските дипломати во Брисел.

Лидерите на земјите од ЕУ и од Западен Балкан ќе разговараат за „соработката во соочувањето со заедничките предизвици кои произлегуваат од руската агресија врз Украина“, ќе ги разгледаат негативните последици од војната врз енергетската и безбедноста на храната на Западен Балкан, а на дневен ред ќе бидат и интензивирањето на политичкиот ангажман, со посебен осврт на младите.

Самитот во Тирана веќе го доби епитетот „историски“ затоа што за првпат лидерите на земјите од ЕУ ќе допатуваат на средба на врвот со колегите од Западен Балкан  во земја, која не е членка на Унијата. 

 

 

Прескокни го блокот Поврзани теми
Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Потрага по преживеани по земјотресот во Турција

Турција и Сирија: Илјадници мртви, потрага по преживеани

Прескокни го блокот Повеќе теми
Врати се на почетната страница