1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

ЕУ го одложи новиот систем за гранична контрола

БГ/ ДПА
11 октомври 2024

Почетокот на новиот систем за влез во земјите-членки на ЕУ е одложен. Системот, кој предвидуваше земање отпечатоци од прсти и лични податоци, требаше да стапи во сила од 10 ноември

https://p.dw.com/p/4lfwb
ЕУ Граници
Новиот систем за влез во ЕУ се одложуваФотографија: Frank Hoermann/SVEN SIMON/picture alliance

Новиот систем на гранични контроли кој требаше да влезе во сила од 10 ноември е повторно одложен на барање на три земји-членки: Германија, Франција и Холандија.

Новиот систем ги опфаќаше сите земји надвор од ЕУ, вклучително и Северна Македонија без оглед на безвизниот режим. Со него, граѓаните кои патуваат во ЕУ ќе беа подложени на дополнителни контроли при влезот во блокот преку аеродроми. Системот предвидуваше земање отпечатоци од прсти и биометриски лични податоци, во првата фаза, како и дополнително пријавување пред патување во ЕУ, во следната фаза која требаше да започне на пролет следната година.

Комесарката за внатрешни работи на ЕУ, Илва Јохансен соопшти дека почетокот на работа на новиот систем се одложува.

„Се надевам дека ќе започнеме во најскоро време“, изјави таа по состанокот со министрите за внатрешни работи на земјите-членки во Луксембург. 

Забавување на преминот  

Освен трите споменати земји, задршки кон новиот систем имаат и претставниците на туристичката индустрија, кои стравуваат дека тој дополнително ќе го забави преминувањето на границите.

Германија, Франција и Холандија ја информирале Европската комисија дека новиот систем се уште не е доволно стабилен и дека не извршиле доволно тестови за неговото функционирање.

Автоматскиот систем беше договорен во 2017 година и требаше да го замени рачното ставање печати во пасошите. Денот на влез и излез од ЕУ, како и другите податоци за престојот треба да бидат заведувани електронски.

Стравот кај голем број земји е дека ова ќе предизвика огромни колони и долго чекање за оние кои доаѓаат во ЕУ со возови, траекти или авиони.

Британски парламентарен комитет летово процени дека со новиот систем британските патници би се соочиле со чекање до 14 часа.

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема

Повеќе на оваа тема