1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
КонфликтиЕгипет

Египет и предизвикот да балансира во конфликтот во Газа

Џенифер Холејс
13 ноември 2023

Египетската влада седи меѓу две столчиња: населението ги поддржува луѓето во Газа, но владата се плаши дека палестинските борци во Синај би можеле да ја загрозат безбедноста во земјата.

https://p.dw.com/p/4Yjfl
На пропалестинските демонстрации како овие во Каиро, често може да се слушнат слогани против египетската влада
На пропалестинските демонстрации како овие во Каиро, често може да се слушнат слогани против египетската владаФотографија: MOHAMED ABD EL GHANY/REUTERS

Конфликтот меѓу Израел и милитантната група Хамас во Појасот Газа го става Египет во позиција на шпага. Хуманитарна помош во Газа стига исклучиво преку Египет, но кога се работи за прием на протераните Палестинци, земјата е многу повоздржана.

„Ставот на Каиро сѐ повеќе се дефинира преку алармантно растечкиот број на жртви во цивилното население од почетокот на копнената офанзива, како и притисокот од ЕУ и САД да се отвори граничниот премин Рафах за Палестинците кои сакаат да заминат во Египет", вели Мишел Пејс, научен соработник во лондонскиот тинк-тенк „Четам хаус” и професор на Универзитетот Роскилде во Данска.

Претседателот на Египет Абдел Фатах Ал Сиси појасни дека граничниот премин кон Газа, единствениот којшто не е контролиран од страна на Израел - нема да биде отворен за Палестинци од Газа. „Египет јасно и гласно става до знаење дека нема никогаш да ја прифати присилната преселба на Палестинци на египетска територија”, нагласи Ал Сиси.

Од избувнувањето на конфликтот по бруталниот терористички напад од радикално-исламистичката и од Западот како терористичка организација категоризирана Хамас, во кој беа убиени околу 1200 Израелци, претседателот постојано го нагласуваше таквиот став. „Египет многу добро се сеќава на настаните во 1948 година кога Палестинците за време на Накба [на арапски „катастрофа"], ги напуштаа куќите и секата, а по војната не смееја да се вратат назад", објаснува Пејс. „Египет е убеден дека таквата шема може да се повтори”, додава таа.

Само неколку камиони кои превезуваат хуманитарни материјали можат да минуваат низ граничниот премин Рафах секој ден
Само неколку камиони кои превезуваат хуманитарни материјали можат да минуваат низ граничниот премин Рафах секој денФотографија: Ahmed Gomaa/Xinhua/IMAGO

„И покрај тоа цивилите во Газа имаат право на азил и само тие може да одлучат кога и како ќе го користат тоа право. Египет е обврзан да пушта цивили во земјата ако тие тоа го сакаат”, вели Тимоти Калдас, заменик директор на институтот „Тахрир” за средноисточна политика од Вашингтон.

„Но, партнерите на Израел мора недвосмислено да појаснат, дека по завршувањето на битките населението на Газа има право да се врати и раководството на Израел мора да биде предупредено дека е етничко чистење доколку бидат спречени во тоа”, додава Калдас.

Закана за безбедноста на Египет

Постои и друга причина што Египет не сака да прима бегалци од Газа. Да се разликуваат милитантните Палестинци од цивилни бегалци, е тешко возможно, смета Пејс. „Египет стравува дека милитантните борци би можеле да се обидат да започнат напади врз израелски цели од египетско копно ако на џихадистички палестински групи им успее да изградат логистички, идеолошки и оперативни врски со групи на Синај. Тоа би довело до одмаднички напади од Израел и би се одразило на релациите меѓу двете држави", наведува Пејс.

За време на пресконференција во Каиро Ал Сиси ја изрази токму таквата грижа. „Синај ќе стане основа за терористички акции насочени против Израел и ние во Египет би ја сноселе одговорноста за тоа. Од нас [со потпишувањето на мировниот договор во 1979] создадениот мир ќе ни се лизне низ прстите и истовремено ќе ја загрози солуцијата за две држави."

Борба за леб и вода во Појасот Газа

Кенет Рот порано бил шеф на „Хјуман Рајтс Воч”, а сега е визитинг професор на универзитетот Принстон во САД. Според неговата проценка Ал Сиси „има големи симпатии за обидот на Израел да ја уништи Хамас затоа што и тој самиот употреби страшно насилство за да го разбие Муслиманското братство, помирната верзија на Хамас. Тука спаѓа и крвопролевањето со 817 демонстранти на плоштадот Раба во Каиро во 2013."

Црвсти мерки против демонстрантите

Неделите по избивањето на конфликтот оставија трага и на авторитарната египетска влада и нејзините релации со народот. „Конфликтните точки кои настануваат од економските потепкотии на земјата, но и од авторитарниот стил на владеење, западнаа во втор план”, вели Натан Браун, професор за политички науки и меѓународни прашања при Универзитетот „Џорџ Вашингтон” и предавач на хамбуршкиот Институт за напредни студии. „Вниманието сега е насочено спрема заштитата на државните граници на Египет", вели тој.

За Ал Сиси таквото поместување на фокусот е добредојдено. На претстојните претседателски избори кои општо не се оценуваат како демократски, со голема веројатност тој ќе биде реизбран.

Меѓународна помош која земјата ја прима како противуслуга за поддршката во Појасот Газа, би можела да помогне да се надмине економската криза во Египет. Од март 2022 година за повеќе од половина е намалена вредноста на домашната валута, а девизните резерви на Египет речиси се исцрпени. И туризмот, еден од главните столбови на египетската економија, ќе страда од конфликтот во Газа.

Египетскиот претседател Абдел Фатах ал-Сиси ги поддржа пропалестинските протести, но ги разби сите што го критикуваа
Египетскиот претседател Абдел Фатах ал-Сиси ги поддржа пропалестинските протести, но ги разби сите што го критикувааФотографија: Ahmad Hassan/AFP/Getty Images

Но, Рот се сомнева дека ефектот на обединување што го постигна конфликтот меѓу наделението и државното раководство, ќе биде од долг рок. „Кога јавното мислење ќе се смени од симпатии за Израел по ужасниот масакр од Хамас врз израелски цивили во ужас заради многу поголемиот број на загинати палестински цивили при израелските бомбардирања, неминовно ќе се постави прашањето зошто египетската влада и натаму соработува со Израел”, вели Рот во разговор со ДВ.

Египетската влада се подготвува веќе за тоа таквите мислење да ги задуши во зачеток. Кога минатата недела на од владата одибрени про-палестински демонстрации се слушнаа барања за правда и слобода, полицијата во Каиро и Александрија уапси verhaftete околу 70 демонстранти. Според неодамна објавен извештај од „Хјуман Рајтс Воч” 16 демонстранти се обвинети дека „се приклучиле на терористичко здружение” и дека „сториле терористички акти”.