Роже Дуан Ван Хај веќе 12 години држи часови по чи гонг на пензионери во Скопје. Има живот до крај, е неговото мото. Чи гонгот помага да се вратите на животот по ваша мерка и да уживате во него повторно и на старост, наместо вашиот свет да се сведе меѓу фрижидерот, телевизорот и креветот, вели тој.