1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Ќе има ли забрана за социјални мрежи за деца во Македонија?

11 декември 2025

Австралија забрани социјални мрежи за деца под 16 години. Ќе го следи ли Македонија овој модел? Министерот Стефан Андоновски зборува за ефектите и алтернативите

https://p.dw.com/p/55ANt
Илустрација за жена која користи Тик Ток на мобилен телефон 06.10.2024
Македонија засега не планира радикални забрани како австралискиот моделФотографија: Tim Wegner/epd-bild/picture alliance

Од 10 декември, Австралија стана првата земја во светот што воведе забрана за користење на социјални мрежи за лица под 16 години. Новиот закон предвидува блокирање на пристапот до платформи како Фејсбук, Инстаграм, Снепчет, ТикТок, Х, Јутјуб и Редит, додека апликации за пораки како Ватсап засега остануваат достапни.

Што мисли Македонија за австралискиот модел?

Македонија засега не планира радикални забрани како австралискиот модел, но прашањето е разгледувано, потврди министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски.

„Секоја забрана има два ефекти. Ако не успеете да ја имплементирате до крај, некои ќе најдат начин да ја заобиколат, а други ќе излезат целосно од контрола. Второ, дали општеството е подготвено за таков чекор?“, изјави Андоновски.

Според него, решението е во едукација и работа со родителите, за да ја насочат употребата на мобилните телефони кон корисни содржини, а не кон натпревари или бесцелни активности.

На оваа фото-илустрација, апликациите за социјални медиуми се прикажани на телефон, а веб-страницата на Комесарот за е-безбедност е прикажана во позадина.
Австралија стана првата земја во светот што воведе забрана за користење на социјални мрежи за лица под 16 години. Фотографија: Algi Febri Sugita/SOPA Images/Sipa USA/picture alliance

Ефекти и различни размислувања

Андоновски смета дека австралискиот проект тешко ќе успее целосно, бидејќи веќе се наоѓаат начини за заобиколување на забраните преку технички уреди и врски.

Во Македонија, преку Центарот за побезбеден интернет се работи на заштита на децата.

„Секој социјален медиум има граница за под 16 години. Ако родителите го имплементираат тоа, тогаш децата нема да имаат пристап до алгоритми и содржини кои се штетни за нив. Ако тоа не го прават родителите, многу е потешко државата да се меша во слободниот избор на секој граѓанин и семејство“, вели министерот. 

Забрана за социјални мрежи - да или не?