1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW

Арбнора Мемети од Дојче Веле со најдобра фотографија

21 март 2023

Фоторепортерката на Дојче Веле Арбнора Мемети се закити со наградата за најдобра фотографија која ја доделува МИМ. Наградите за најдобра истражувачка сторија и најиновативен производ ги добија ИРЛ и Кристина Атовска.

https://p.dw.com/p/4P0ag
Арбнора Мемети Македонија Фотографија МИМ
Арбнора Мемети наградена за најдобра фотографија од МИМФотографија: Petr Stojanovski/DW

Фотографијата „Врнежи од канцерогени материи во Тетово“ на фоторепортерката Арбнора Мемети објавена на веб-страницата на „Дојче Веле“ на македонски јазик е прогласена за Најдобра репортерска фотографија за 2022 година од жирито на Македонскиот институт за медиуми.

Наградената фотографија е снимена на 30.05 мај 2022 година, во близина на поранешниот Тутунски комбинат во Тетово, каде во тие моменти беснееше огромен пожар. На фотографијата се гледаат граѓани под огромен облак од чад како бегаат од погоденото подрачје. 

Отровниот воздух од пожарот претставуваше опасност за граѓаните и за животната средина и предизвика огромна штета во градот и околината. 

„Никола Младенов“ за ИРЛ 

Во обраќањето по добиената награда, Мемети посочи на фактот што новинарите и фоторепортерите многу често незаштитени и без никаква дополнителна опрема заминуваат на терен, дури и во опасни ситуации, за да си извршат своите професионални обврски. 

Тетово Пожар
Наградената фотографија на Арбнора Мемети од ТетовоФотографија: Arbnora Memeti/DW

Тимот новинарки Сашка Цветковска, Елена Митревска Цуцковска и Маја Јовановска од Истражувачката репортерска лабораторија (ИРЛ) ја доби наградата за Најдобра истражувачка сторија на годинешниот конкурс за новинарските награди „Никола Младенов 2022“, за сторијата „Нечиста крв“, емитувана на МТВ1 и на веб-страницата на ИРЛ.

Новинарката Кристина Атовска ја доби наградата за Најиновативен новинарски производ за репортажата од војната во Украина на тема „Како изгледа животот во рововите на првата линија на огнот“, емитувана во емисијата „Утрински брифинг“ на „Слободна ТВ“.

 

Прескокни го блокот Повеќе на оваа тема

Повеќе на оваа тема

Покажи повеќе написи