1. Прескокни до содржината
  2. Прескокни до главната навигација
  3. Кон други страници на DW
Deutschland Corona-Teststelle am Flughafen Schönefeld
Фотографија: picture-alliance/dpa/B. Pedersen
Закон и правосудствоСеверна Македонија

Обвинителството отвори истрага за „Жан Митрев“

ДТЗ
12 август 2022

Обвинителството бара да му се земе пасошот за да не ја напушти државата. Од Клиниката велат дека ќе соработуваат со институциите и дека не кријат ништо, откако ИРЛ објави истражување за работењето на болницата

https://www.dw.com/mk/obvinitelstvoto-otvori-istraga-za-izmama-na-pacienti-zan-mitrev-povikan-na-raspit/a-62791568

Основното јавно обвинителство Скопје отвори истрага за измама на пациенти во приватната клиника „Жан Митрев“, а сопственикот на приватната клиника беше повикан на распит во врска со лекување на пациентите со методата хемофилтрација. Со цел да се спречи Жан Митрев да ја напушти државата, скопското обвинителство до Основниот суд Скопје 1 достави предлог да му биде одземен пасошот.

„Ваквата мерка е предложена заради неопходноста да се обезбеди присуството на осомничениот и за непречено водење на постапката“, соопшти Обвинителството, коешто информираше дека по утврдување на определени околности во текот на предистражната постапка, донело наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за измама од член 247 став 4 во врска со став 1 од Кривичниот законик.

„Осомничениот, во периодот од април 2020 година до 2022 година, со намера за правно лице – приватна здравствена установа да прибави противправна имотна корист, со лажно прикажување факти, ги довел во заблуда пациентите лекувани од Ковид-19 со методот на хемофилтрација“, се наведува во соопштението. 

Основното јавно обвинителството – Скопје по допрен глас оформи предмет на 18 јули, откако ИРЛ објави истражување за работењето  на клиничката болница „Жан Митрев“ во периодот од 2020 до 2022 година. 

Во документарниот филм „Нечиста крв“ беа пренесени сведоштва на семејства на ковид пациенти врз кои била применувана методата хемофилтрација (филтрација на крвта) без да знаат дека се предмет на клиничко испитување. Услов за лекување на пациентите било авансно да уплатат 12.000 евра за да бидат хоспитализирани во клиниката. Клиничките студии кои се вршеле во болницата не се пријавени во државната Агенција за лекови – МАЛМЕД.  

Не се крие ништо 

Клиниката Жан Митрев соопшти дека целосно соработува со институциите затоа што нема што да крие. Тие додаваат дека и сега и понатаму целосно ќе соработуваат со институциите за кој и да било случај.

Nord-Mazedonien | Patienten Anlieferung
Според податоците доставени до Министерството за здравство, во текот на ковид пандемијата со хемофилтрација се лекувани 560 пациенти во Клиниката Жан МитревФотографија: Petr Stojanovsk/DW

„Ние како Клиника досега, а и понатаму работиме целосно транспарентно и во интерес на пациентите. Овој однос не е само кон надлежните институции и тела во државата, туку е и кон нашите пациенти. Знаејќи ја вистината и водејќи се според високите стандарди на работа ќе помогнеме за откривање на фактичката состојба и ги ставаме на располагање сите наши материјални и човечки капацитети за да излезе вистината во јавноста. Искрено веруваме дека само со транспарентен однос и отворена соработка можеме да ѝ служиме на вистината и на етичките и моралните вредности според кои работиме“, се додава во соопштението од „Жан Митрев“.

Дали е успешен третманот?

Претходно клиниката информираше дека стапката на успех во третманот на пациентите со Ковид-19 кај нив изнесува 74,6%. Според деталните болнички извештаи во Жан Митрев клиника биле хоспитализирани вкупно 1.738 третирани пациенти, од кои 1.296 преживеале.  Според нивната статистика од ковид починале 442 пациенти, а во приватната болница, напоменуваат, биле згрижени и пациенти дојдени од други здравствени установи.

„Оваа стапка на успех во лекувањето е повисока од националниот македонски просек според последните податоци на Институтот за јавно здравје. Според овие извештаи „процентот на успех” кај хоспитализирани пациенти исклучиво третирани и лекувани во Жан Митрев клиниката е сличен на просекот направен во 200 германски болници, каде просечното преживување изнесува 78%. Стапката на преживување според исти студии направени во повеќе земји се движи од 30 до 80 проценти, така во Велика Британија е меѓу 50-89% во зависност од бранот, во Шпанија изнесува 64,4%, во Америка е 80,3%, а во Бразил се движи меѓу 61,6-75,4%“, е ставот на Клиниката Жан Митрев.

Според нив, хемофилтрацијата претставува само еден дел од спектарот методи и пристапи коишто се користат за лекувањето на пациентите. Според податоците доставени до Министерството за здравство, во текот на ковид пандемијата со хемофилтрација се лекувани 560 пациенти во Клиниката Жан Митрев. Специјална комисија составена од експерти од разни области го разгледува секое досие и се очекува да даде мислење за начинот на лекување во приватната болница.

 

Прескокни го блокот Тема на денот

Тема на денот

Македонија знаме

Македонскиот руски круг

Mazedonien Ljupco Popovski
Љупчо Поповски
Прескокни го блокот Повеќе теми
Врати се на почетната страница