Џентилони треба да биде нов премиер на Италија | Свет | DW | 11.12.2016
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Свет

Џентилони треба да биде нов премиер на Италија

Италијанскиот министер за надворешни работи Паоло Џентилони треба да биде нов премиер на Италија. Италијанскиот претседател Серџо Матарела брзо најде решение по оставката на Ренци.

Една недела по одржувањето на референдумот за уставни промени и поразот на Матео Ренци, италијанскиот претседател Серџо Матарела мандатот за состав на влада му го даде на министерот за надворешни работи Паоло Џентилони. На Италија ѝ е неопходна „целосно функционална влада“, која ќе се справува со економските, социјални и меѓународни проблеми.

Матео Ренци го постави Џентилони за шеф на дипломатијата есента 2014 година, откако Федерика Могерини замина за Брисел на функцијата Висок претстаник на ЕУ за надворешна и безбедносна политика. Џентилони мора брзо да го состави својот тим. Парламентот за новиот кабинет би можел да гласа веќе во среда.

Германскиот министер за надворешани работи Франк-Валтер Штајнмајер му честиташе на својот досегашен колега Џентилони. „Беше извонреден колега“, оцени Штајкнмајер, додавајќи дека со италијанскиот министер соработувал „блиско, пријателски и со меѓусебна доверба“.

Матео Ренци поднесе оставка на функцијата премиер во средата, откако на референдумот не доби мнозинство гласови за, од негова страна побараните, уставни промени.

DW.COM

Реклама