Ќе се задуши ли Македонија со старите германски дизели? | Панорама | DW | 09.03.2018
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Панорама

Ќе се задуши ли Македонија со старите германски дизели?

Одлуката за дизелите би можела да има далекусежни последици, не само за Германија, туку за цела Европа, и тоа од повеќе аспекти. Во Ноќно студио на Телма разговараме за нив и како тие би можеле да влијаат на Македонија

Колку е реална заканата за забрана на дизел возилата во Германија, со оглед дека одлуката беше различно толкувана?

Забраната е реална, но не и неизбежна. Најпрво, доколку таа се случи, ќе ги погоди во прв ред постарите дизел возила со еколошки норми од трета и четврта категорија. За потсетување во моментов актуелна е Еуро 6 нормата. Конкретно во Германија, такви се меѓу 10 и 15 милиони возила и уште околу 2 милиони камиони. Но, дури и голем од овие возила имаат можност да ги намалат штетните издувни гасови, во прв азотниот диоксид, со вградување на катализатори. Понатаму, забраната на дизел возилата е и останува прашање на политичка проценка. Имено, научните истражувања укажуваат дека тие секако придонесуваат кон загадувањето на воздухот, но во ниту еден случај, не се главниот фактор. Проценките се дека дизел возилата во тој дел придонесуваат некаде меѓу 6 и 10 проценти. Првото прашање кое секој ќе си го постави, а што е со останатите загадувачи, кои далеку повеќе придонесуваат за лошиот квалитет на воздухот?

И конечно, треба да се има предвид дека голем број Германци едноставно ги обожуваат своите дизели- добар дел и од практични причини, па секој политичар пред да донесе одлука за нивна забрана ќе треба да размисли како тоа ќе се одрази врз неговото гласачко тело. 

Гледај видео 04:17

Што значи за Македонија забраната за дизел во Германија?

Какви се реакциите во автомобилската индустрија? Колку е таа загрозена од ваквата одлука?

Германската авто-индустрија веќе подолго време игра една, не многу позитивна, улога во целиот проблем. Најпрво изби скандалот со софтверот на Фолксваген во САД кој ги прикривал точните податоци за издувните гасови. Фолксваген плати огромна казна во САД, но ни во Германија, ниту во Европа никој сериозно не се зафати со постапка против концернот, кој многу веројатно, истата пракса ја спроведува и на континентот. Германската влада долго преговараше со автомобилските концерни со цел да ги убеди тие да платат дел од штетата предизвикана од дизел возилата, и да ја финансираат сметката за возачите кои ќе мораат да прават преправки. Авто-индустријата го одби тоа. Го одби затоа што и се може. Индустријата директно вработува или од неа зависат милиони луѓе во Германија. Политиката е немоќна да и наметне решенија кои би можеле да резултираат со губење на работни места или намалување на профитот кој пак се слива во државниот буџет преку даноците. Притоа државата има и свој удел во некои концерни, како на пример во Фолксваген. Сега практично останува на добрата волја на авто-индустријата да почне навистина да произведува таканаречни чисти дизели, а старите возила чекор по чекор да се елиминираат од улиците. Во таа насока, големите германски автопроизводители веќе нудат ткн. Еколошка премија, односно голем попуст на ново возило доколку го вратите старото. Се разбира, и тоа го финансира државата, а не авто-производителите.
Што ќе се случува со старите возила? 

Низ улиците на Скопје веројатно веќе се забележливи многу такви возила кои со години се продаваат, не само во Македонија, туку и низ цела источна Европа. Песимистичките проценки се дека земјите од источна и југоисточна Европа веројатно ќе бидат преплавени од старите германски автомобили. Тука во моментов ситуацијата е таква што, старите дизел возила навистина не вредат ништо, односно, многу е тешко да ги продадете на пазарот. Според некои статистики во Романија, осум од десет регистрирани возила се стари и не ги задоволуваат еколошките стандарди. Верувам дека не е тешко да се претпостави оти бројките се слични и во Македонија и во другите земји од регионот. А Германија не е единствена. Кон отстранувањето на старите дизел возила полека се приклучуваат и другите западноевропски земји. Затоа, во прв ред ќе зависи од тамошните власти дали ќе усвојат повисоки стандарди и ќе го прекинат увозот на ѓубрето кое Германците го фрлаат на отпад.

 

DW.COM

Аудио и видео прилози на оваа тема

Реклама