Њујорк во знакот на заштита на климата | Свет | DW | 23.09.2019
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Свет

Њујорк во знакот на заштита на климата

Во пресрет на климатскиот самит на ООН, млади активисти излегоа на улиците на Њујорк и се сретнаа на своја мала климатска конференција. Нивната порака до политичарите пред самитот е дека светот веќе е во климатска криза!

На американскиот претседател Доналд Трамп му требаа само две ипол години за да повлече десетици прописи за климата и да отстапи од Парискиот климатски договор со кој глобалното затоплување треба да биде ограничено на помалку од два степени Целзиусови на нивото во прединдустриската ера. Таквиот биланс САД не ги промовира во најсоодветен домаќин за светски климатски самит. Сепак од денеска шефови на држави и влади од сиот свет ќе се соберат во Њујорк за самитот на ООН за климатски мерки. Самитот е обид да се поттикне светска кампања за борба против климатските промени. Политичари од околу 60 земји ќе најават конкретни мерки кои нивните земји ќе ги преземат во борбата против глобалното затоплување на климата. Говорници ќе бидат меѓу другите и францускиот претседател Емануел Макрон и премиерот на Индија Нарендра Моди. Може да се обраќаат само земји кои ветиле дека ќе претстават далекусежни мерки со кои ќе може да бидат постигнати целите од Парискиот договор. „Немојте да ми доаѓате само со убави говори на самитот", рече генералниот секретар на ООН Антонио Гутереш на прес конференцијата во август годинава. „Дојдете со конкретни планови." Трамп нема да дојде на климатската конференција во неговиот град, но нема да може ни да ја игнорира. Веќе во деновите пред самитот климатски активисти го свртеа вниманието на себе и на својата кауза.

USA | Demonstranten beim Global Climate Strike in New York City (DW/C. Bleiker)

Протестите на младите ги поттикнуваат и постарите да излезат на улици

Протест за климатските промени

На глобалниот протест против климатските промени на улиците во Њујорк излегоа околу 250 илјади демонстранти кои бараа поголема заштита на климата и околината, што беше најголем протест во САД дента. „Демонстрациите се добри бидејќи го привлекуваат вниманието на политичарите и на другите им покажува дека младинското движење ќе функционира", вели 10 годишната Алиса која со татко и` допатувала од Конетикат за протестот.

Повеќе: 

Лицата на климатските протести: Кој се бори за заштита на климата?

Умирање на шумите

На приморски места во Велика Британија им се заканува исчезнување


Многу построга беше 16-годишната иницијаторка на „Петок за иднината" Грета Тунберг со критиките против шефовите на држави и влади: „Убавите зборови на моќниците се истите празни ветувања, истите лаги, непреземањето било што исто така е исто како секогаш. Никаде не сум сретнала човек на висока функција кој имал храброст точно да каже каква е ситуацијата – дури и тој товар ни го оставаат нам тинејџерите и децата”, рече таа на финалниот настан во Батери паркот во Менхетен. „Што корист имаме од тоа што учиме кога лидерите не ги слушаат експертите и не ги земаат во предвид фактите?"
Таквиот удар за Доналд Трамп добро беше примен од демонстрантите. Многумина носеа плакати со критики за претседателот и неговите политики, делумно со смисла за хумор. На еден плакат пишуваше: „На мртва планета не можеш да играш голф".

„Потребни ни се храбри чекори"

Трамп нема да учествува на климатскиот самит, но експерти предвидуваат дека времињата во кои претседателот климата можеше да ја откачи како споредна работа се минато. „Младите, инспиративни заштитници на климата тука отворија една врата", вели Чарли Џијанг, активист на Гринпис, за ДВ. „Во криза сме. Ни требаат храбри мерки."

USA | Demonstranten beim Global Climate Strike in New York City (DW/C. Bleiker)

Нануа Евекија и Лалониу Суиане од Тувалу можат да останат без својата татковина


На платото пред ООН каде се одржуваше младинскиот климатски самит се чувствуваше расположение за промени. Таму викендов се сретнаа повеќе од 1000 младинци од преку 140 земји за да разговараат за стратегии за заштита на климата и да ги придвижат политичарите сериозно да го сфатат глобалното затоплување на климата и да преземат соодветни мерки. „Промената на климата е застрашувачка, особено ако се доживее на своја кожа", вели 20- годишната Нануа Евекија. Таа потекнува од Тувалу, островска држава во Тихиот Океан која поради растечкото ниво на морињата е под опасност да биде проголтана од водите. „Мора да станеме погласни за да не` чујат и луѓе како Доналд Трамп. Како би се чувствувале тие да се на наше место?"
Луѓето во земји како Тувалу ќе го проследат климатскиот самит со особено внимание, зашто доколку мерките кои лидерите сакаат да ги најават не се доволни, тие луѓе би можеле засекогаш да ги загубат своите татковини.


 

DW.COM

Поврзана содржина

Реклама