Југоисточна Европа е зафатена од топлотен бран, кој ги засили шумските пожарите и ги принуди луѓето во регионот да се разладуваат на бреговите, во фонтаните и во климатизирани простории. Температурите се искачија над 40 Целзиусови степени во некои делови од Грција и во поголемиот дел во регионот.
Метеоролозите во Атина соопштија дека очекуваат топлотниот бран да трае до наредната недела, што го претставува еден од најтоплите бранови регистрирани во земјата од средината на 80-тите години на минатиот век.
Најмалку три лица загинаа во јужна Турција, а десетици луѓе беа хоспитализирани, бидејќи интензивните летни горештини и силните ветрови предизвикаа два одделни шумски пожари.
Повеќе:
-Фотографија на денот: Топлотен бран
-С. Македонија под топлотен бран - мало разладување од идната недела
Шумските пожари во Грција им се закануваат на домовите трет ден по ред, а денеска е пријавен пожар во близината на градот Патрас во западот дел од земјата.
„Тековниот топлотен бран е опасен временски феномен, бидејќи ќе трае до крајот на наредната недела со мал температурна разлика помеѓу максималните и минималните нивоа“, изјави Теодорис Колидас, директор на грчката Национална метеоролошка служба. Во грчката престолнина се поставени засолништа за разладување, но пристапот до климатизираните јавни простори е ограничен поради корона-рестрикциите.
-
Топлотен бран во западна Европа: Последица на климатските промени?
Рекордни топлотни бранови
Во летото 2019 година се забележани топлински рекорди низ целиот европски континент. Во јули, во Германија беше измерена највисоката температура досега од 42,6 Целзиусови степени. Франција го урна својот рекорд на горештина двапати во 2019 година, со највисока измерена температура од 46 Целзиусови степени во јули. Климатските промени ја зголемуваат фрекфенцијата на топлотните бранови.

Венеција под вода
Во ноември 2019 година, италијанскиот град архипелаг Венеција доживеа повеќе поплавувања и високо ниво на водата од 1,5 метри, кое беше достигнато трипати во една недела, за прв пат во историјата. Прогнозираното покачување на нивото на морето како резултат на климатските промени може во иднина да ги направи овие настани уште почести.

Шумски пожари во Шпанија
Истиот топлотен бран што донесе рекордни температури во Франција ги предизвика најлошите шумски пожари кои ја погодија Шпанија во последните 20 години. На шпанскиот остров Гран Канарија, пожарите во август го уништија националниот парк на популарниот туристички остров. Повисоките температури и сувиот воздух како резултат на климатските промени го зголемуваат ризикот од пожари.

Германските шуми изумираат
Комбинацијата од суша, невреме и екстремна топлина ги осиромашува германските шуми. Според БДФ, група за заштита на шумите, во Германија, повеќе од 1 милион дрва умреле од 2018 година. „Ова веќе не се поединечни невообичаени временски настани. Ова се климатските промени“, вели претставник на БДФ.

Исчезнуваат глечерите на Алпите
Глечерот на италијанската страна на Мон Блан доживеа забрзано топење во 2019 година. И ентузијастите одржаа „погреб“ за глечерот Пизол на швајцарските Алпи, кој речиси целосно исчезна. Научниците велат дека климатските промени го забрзуваат топењето на глечерите на Алпите.

Сушата влијае врз производството на храна
Сушата во Германија две години по ред силно ги погоди земјоделците. Во 2018 година, рекордната суша предизвика големи загуби кај земјоделските култури, а топлотните бранови во 2019 година, дополнително ги оштетија земјоделските култури. „Климатските промени значат почести суши и екстремни временски услови во Германија“, изјави потпретседателот на германската служба за временски услови Паул Бекер.
Властите во Србија, Бугарија, Босна и Херцеговина и во други погодени земји ги советуваат луѓето да избегнуваат изложување на директна сончева светлина во пладневните часови.
Во С. Македонија, бремените жени и лицата постари од 60 години не треба да одат работа до крајот на неделата, додека на градежните компании им беше наредено да запрат со работата од 11 до 17 часот.
Климатските експерти тврдат дека екстремните временски услови, како неодамнешните смртоносни поплави во Германија, топлотните бранови во Канада и во западниот дел на САД, најверојатно ќе станат почести, бидејќи зголемувањето на глобалните температури создава поголема нестабилност.
Повеќе:
-Поплави во Германија: Климатската криза нѐ принудува да се прилагодуваме
-Екстремниот топлотен бран во САД и Канада не попушта
„Ако гледаме глобално, неодамна имавме многу, многу екстремни временски појави, на пример измерените 49,6 Целзиусови степени во Канада, кои претставуваат температурен рекорд“, вели Мајк Кендон, климатски експерт во Метеоролошката служба на ОН.
-
Како климатските промени се одразуваат во Европа?
Рекордни топлотни бранови
Во летото 2019 година се забележани топлински рекорди низ целиот европски континент. Во јули, во Германија беше измерена највисоката температура досега од 42,6 Целзиусови степени. Франција го урна својот рекорд на горештина двапати во 2019 година, со највисока измерена температура од 46 Целзиусови степени во јули. Климатските промени ја зголемуваат фрекфенцијата на топлотните бранови.
-
Како климатските промени се одразуваат во Европа?
Венеција под вода
Во ноември 2019 година, италијанскиот град архипелаг Венеција доживеа повеќе поплавувања и високо ниво на водата од 1,5 метри, кое беше достигнато трипати во една недела, за прв пат во историјата. Прогнозираното покачување на нивото на морето како резултат на климатските промени може во иднина да ги направи овие настани уште почести.
-
Како климатските промени се одразуваат во Европа?
Шумски пожари во Шпанија
Истиот топлотен бран што донесе рекордни температури во Франција ги предизвика најлошите шумски пожари кои ја погодија Шпанија во последните 20 години. На шпанскиот остров Гран Канарија, пожарите во август го уништија националниот парк на популарниот туристички остров. Повисоките температури и сувиот воздух како резултат на климатските промени го зголемуваат ризикот од пожари.
-
Како климатските промени се одразуваат во Европа?
Германските шуми изумираат
Комбинацијата од суша, невреме и екстремна топлина ги осиромашува германските шуми. Според БДФ, група за заштита на шумите, во Германија, повеќе од 1 милион дрва умреле од 2018 година. „Ова веќе не се поединечни невообичаени временски настани. Ова се климатските промени“, вели претставник на БДФ.
-
Како климатските промени се одразуваат во Европа?
Исчезнуваат глечерите на Алпите
Глечерот на италијанската страна на Мон Блан доживеа забрзано топење во 2019 година. И ентузијастите одржаа „погреб“ за глечерот Пизол на швајцарските Алпи, кој речиси целосно исчезна. Научниците велат дека климатските промени го забрзуваат топењето на глечерите на Алпите.
-
Како климатските промени се одразуваат во Европа?
Сушата влијае врз производството на храна
Сушата во Германија две години по ред силно ги погоди земјоделците. Во 2018 година, рекордната суша предизвика големи загуби кај земјоделските култури, а топлотните бранови во 2019 година, дополнително ги оштетија земјоделските култури. „Климатските промени значат почести суши и екстремни временски услови во Германија“, изјави потпретседателот на германската служба за временски услови Паул Бекер.
„Кога гледате такви случувања, тие не изнесуваат надвор од нашите искуствени рамки за она што сме го виделе порано. Еден таков настан едноставно не е возможно да се објасни без човечкото влијание врз климатскиот систем“, дополнува Кендон
Според Светската метеоролошка организација на ОН, 2020 година беше една од трите најтопли години регистрирани на глобално ниво. 2020 , од друга страна, беше најтоплата година забележана во Европа.