Што се крие зад кинеското „немешање“ во Африка? | Економија | DW | 04.09.2018
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages
Реклама

Економија

Што се крие зад кинеското „немешање“ во Африка?

Ши Џинпинг пред почетокот на кинеско-африканскиот самит потенцираше дека кинеските инвеститори во Африка не поставуваат политички услови. Што говори во прилог а што против кинеската политика?

ДВ: До кој степен тврдењето дека кинеските инвеститори не поставуваат политички услови во Африка, кореспондира со вистинската состојба?

Хелмут Аше: Точно е дека Кина, покрај непризнавањето на Тајван, кое во меѓувреме стана маргинално прашање, не поставува експлицитни политички услови. Тоа е еден вид „политика на неагресија“ која во конкретни случаи навистина може да се претвори во многу јасен фактички напад. Така неодамна, диктаторот Мугабе беше соборен од власт во Зимбабве, а новиот претседател  Мнангагва никогаш не можеше веродостојно да негира дека претходно добил согласност од Кина. Секој знае дека владејачката партија ЗАНУ-ПФ со децении добива огромна помош од Кина. Тоа,за волја на вистината, не е политичко уценување, но затоа е политичко влијание.

Зошто тогаш Кина нагласува дека соработката не е поврзана со политички услови?

Мислам дека ова е поврзано со фактот дека програмското немешање екс негативо е всушност политичко влијание. Јас ќе упатам на најважниот пример, а тоа е ситуацијата со човековите права, која е критична во многу африкански земји а западнатите земји, токму Европската унија и Германија се мешаат во таа област и велат: тоа не може така, нашата развојна помош е поврзана со подобрувањето на ситуацијата во областа на човековите права, и ако оваа ситуација не се подобри, ќе ја прекинеме сета наша развојна помпш, освен итната хуманитарна помош. Оваа политика е исправна, но таа како последица на проблемите со миграцијата, не се спроведува консеквентно, на пример, во земји како Судан. Оваа политика е позитивно се разликува од кинеската, и кинеската влада се обидува на неа да ѝ ја спротивстави сопствената позиција.

Повеќе:

-„Жолти колонијалисти“ или инфраструктурен мотор?

-САД и Кина се борат за превласт во Африка

-Кинеските медиуми ја освојуваат Африка

Дали оваа позиција содржи повеќе од немешање?

Да. Тоа е индиректна критика за европската развојна соработка а јасно е и со каква интонација: Индиректно се критикува „неоколонијализмот" кој Американците и Европејците, во комбинација со нивната развојна помош, продолжуваат да го практикуваат. Секако дека постои оваа неоколонијална линија. Но, како што веќе објаснив во случајот со човековите права, влијанието на Европа има сосема позитивни аспекти. Не гледаме вакво диференцирање во кинеската политика. Кинеската влада никогаш не се истакнува како критичар на кршењето на човековите права.

Prof. Dr. Helmut Asche (Martin Langhorst)

Хелмут Аше

Треба ли тогаш да ја критикуваме целокупната кинеска политика на немешање?

Мора да се направи разлика меѓу два комплекси. Јас споменав само еден, а другиот е целокупниот комплекс на демократијата, слободата на избор и слободата на медиумите. Во овој втор комплекс Европската унија  врши експлицитно влијание, така што вели: бараме посилна демократија со повеќепартискиот систем, променливоста на владата врз основа на слободни избори итн. Во некои африкански земји, како Сенегал и Гана, ова функционира добро. Проблем е - а тука кинески начин на соработка има свој поен - дека токму овие земји не се со најмала корупција во Африка и не се најпосветени на економскиот развој. Тоа повеќе го прават авторитарните земји во развој, како што се Етиопија и Руанда. Тие имаат огромни демократски дефицити, но како и самата Кина има ефикасна политика на развој.

Зошто овие политички аспекти воопшто се важни за развојната помош? Или можат да претставуваат пречка?

Ние имаме свест за тоа дека една цела низа институции, како што е независното судство, се од суштинско значење за успехот на развојната помош. Се разбира, може да се дискутира за тоа по кој редослед треба да се случуваат нештата- со други зборови,  дали е навистина суштински неопходно земјите во релативно рана фаза од својот развој да имаат повеќепартиски систем и редовна сменана власта, како што е случај со Гана, Нигерија и Зимбабве, земјите кои  инаку заостануваат во други области на развојот.

Каква е кинеската развојна соработка во споредба со западната и германската?

Во однос на брзината, дострелот, обемот на изградба на инфраструктурата, како што е изградбата на железници, телекомуникации и патишта, кинеската развојна соработка ја засени западната. Ова исто така се должи на т.н. пакети - повеќе кинески компании прават еден голем проект. Нашата банка која ја кредитира развојната помош, Кредитниот завод за обнова, е целосно без фантазија, Кина тука е многу подобра. Постои уште една област во која кинеската развојна соработка е многу поефикасна од западната или германската. Ова е областа на преработувачката индустрија за која откриваме дека во Африка треба да ја поддржиме сите сили, со цел оваа област да стане поатрактивна за германските инвестиции. Кина е тука неколку децении пред нас.

Мора ли тогаш Германија помалку да се грижи за политиката а повеќе за деловноста?

Не, не пледирам за туркање во ќош на оправданите политички барања, напротив. Не е прифатливо сега врз основа на бегалската криза и „подобриот миграциски менаџмент“ режими како оние во Судан или Еритреја да се вреднуваат подобро. Но од Кина може да научиме како се прават атрактивни пакети на помош во областа на инвестициското и извозното поттикнување, како се спојуваат деловни партнери, кои со даночни олеснувања се ангажираат во Африка. Сето тоа конечно случи за создавање на нови работни места. Секој знае дека причините за бегство, можат барем донекаде да се отстранат кога клучен поим ќе станат работните места. така и германските инвеститори мора да добијат далеку поголема поддршка и поттици доколку во африканските земји  отвораат работни места, кои имаат иднина.

Професор др. Хелмут Аше во 1986 година беше економски советник на германската влада во Африка. Тој е професор на универзитетите во Лајпциг и Мајнц и основач и директор на Германскиот еваллуационен институт за развојна соработка.

 

DW.COM

Поврзана содржина

Реклама