Црн петок носи милијарди евра профит | Економија | DW | 25.11.2016
  1. Inhalt
  2. Navigation
  3. Weitere Inhalte
  4. Metanavigation
  5. Suche
  6. Choose from 30 Languages

Економија

Црн петок носи милијарди евра профит

Годинава т.н. Црна петок во САД почна уште во четврток попладне. Трговците очекуваат голем профит, посебно оние кои се фокусирани на онлајн-продажба.

Американските трговци ги тријат рацете. На денешниот т.н. „Black Friday“ (Црн петок) се очекува солиден профит. Се претпоставува дека околу 137 милиони луѓе ќе потрошат барем нешто на денот кој за трговијата го означува почетокот на предбожиќниот период.

За да се „освојат“ што повеќе муштерии, Black Friday годинава почна практично уште во четврток попладне.

Пред продавниците, особено оние кои продаваат техничка стока, луѓето чекаат ред и по два-три дена. Сепак, трговијата на мало сѐ повеќе ја губи битката со големите концерни, особено оние кои тргуваат онлајн. Само во текот на вчерашното попладне, потрошени се околу една милијарда долари за онлајн-стока, односно 14% повеќе од лани.

Гледај видео 00:52

Лудницата на Black Friday

Аудио и видео прилози на оваа тема

Реклама